Добродојдовте на Интернет страницата на Македонската банка за поддршка на развојот, а.д. Скопје.
Нашата основна задача е да го промовираме извозот, преку негово кредитирање и други форми на поддршка; да обезбедиме поддршка на развојот на малите и средни трговски друштва, преку одобрување на инвестициони кредити, како и да овозможиме осигурување на наплатата од извршениот извоз од комерцијални ризици на краток рок, за што поконкретни информации ќе најдете на Интернет страницата.
Сакаме да бидеме дел од Вашиот деловен успех, затоа, контактирајте со нас и искористете ги нашите можности.
Исто така, ги информираме посетителите на сајтој дека на располагање им е и Гарантниот фонд за издавање на гаранции по долгорочни кредити, а со цел за олеснување на пристапот на трговските друштва до кредитите на деловните банки.
Македонска банка за поддршка на развојот
директор, Драган Мартиновски |