Кредитирање
МБПР кредитира:
- мали и средни претпријатија, регистрирани во РМ, преку комерцијалните банки т.е. банки учеснички и
- извозни претпријатија, регистрирани во РМ, преку комерцијалните банки т.е. банки учеснички или директно преку МБПР.
Во постапката за добивање на кредит, претпријатијата аплицираат во една од банките учеснички, а извозните компании можат и директно во МБПР. Времетраењето на постапката од поднесувањето на комплетната документација во банката учесник или во МБПР, до одобрување на кредитот, трае не повеќе од еден месец.
Видови на кредити:
- кредит за поддршка на извозот - обртни средства за подготовка на производство наменето за извоз и обртни средства за премостување на периодот од направениот извоз до наплатата на средствата од странскиот купувач;
- кредит за мали и средни претпријатија - трајни обртни средства и инвестиции од различни извори: ИКЛ-револвинг, МБПР, ЕИБ-револвинг, ЕИБ-50 милиони евра;
- кредит за поддршка на земјоделството и агроиндустријата - примарно производство, преработка и извоз;
- кредит за микро компании - микро и мали трговски друштва, индивидуални претприемачи, занаетчиски дуќани, приватни трговци, тезги на пазар и други микро и мали стопански субјекти;
- кредит за енергетика - енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија;
- кредит за намалување на невработеноста - создавање и одржување на работни места и самовработување со кредитирање
- кредит со гарантна шема- микро, мали и средни трговски друштва кои немаат доволно обезбедување при аплицирање кај деловните банки.



