Кредити за намалување на невработеноста
ЦЕБ
ЦЕБ кредитна линија за создавање и одржување на работни места
На 25. ноември 2005 година Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје и Развојната банка при Советот на Европа (CEB) потпишаа Рамковен договор за соработка според кој CEB ѝ одобри кредит на МБПР во износ од 10.000.000 ЕУР за финансирање на создавање и одржување на работни места во малите и средни трговски друштва во Република Македонија. На 18.10.2006 година на МБПР ѝ е префрлена првата транша од кредитот во износ од 5.000.000 ЕУР.
Кредитите на малите и средните трговски друштва (кои имаат до 250 вработени) им се одобруваат под следните услови:
| Рок на отплата: | до 7 години со вклучен грејс период до 2 години |
| Каматна стапка: | променлива |
| Отплата: | квартална |
| Износ: | максимален износ на кредитите 400.000 ЕУР |
| Намена: | набавка на основни средства |
Со оваа кредитна линија се очекува создавање на околу 950 нови работни места.
Банки учеснички кај кои може да се поднесе барањето:
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
Кредитирање: 02/3107-334
Централа: 02/3107-107
Интернет страна: http://www.kb.com.mk/
E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
ОХРИДСКА БАНКА АД ОХРИД
Кредитирање: 02/3203-717
Централа: 046/206-600
Интернет страна: http://www.ob.com.mk/
E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА
Кредитирање: 047/207-522
Централа: 047/207-500
Интернет страна: http://www.stbbt.com.mk/
E-mail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Самовработување
Самовработување со кредитирањe
| Намена: | Набавка на основни средства и за финансирање на обртни средства |
| Износи: | Максимум 3.000 ЕУР за едно вработување односно 4.000 ЕУР за вработување на лице кое е прогласено за технолошки вишок |
| Рокови: | До 4 години со вклучен грејс до 1 година |
| Каматна стапка: | 1% фиксно годишно (за време на грејс периодот не се плаќа камата) |
| Провизии: | Согласно Одлуката за Тарифата на надоместоци за услугата на МБПР (со основниот договор не е предвидена провизија за МБПР) |
| Крајни корисници: | Невработени лица регистрирани во АВРМ |
Барањата се поднесуваат во Агенцијата за вработување на Р. Македонија каде можат да се добијат повеќе детали.



