За МБПР

Печати

Општествена одговорност

Македонска банка за поддршка на развојот има развиено кооперативна одговорност, што значи дека има воспоставено баланс помеѓу вршењето на деловните активности и одговорноста кон општеството и животната средина. Ова МБПР го постигнува преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува кон одржлив развој и ги зема предвид очекувањата на сите засегнати страни. При осигурување на одредена трансакција МБПР верува дека истата е во согласност со Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Македонија усвоена од Владата на РМ; при  изработка на програмите за финансирање и посебните услови за кредитирање, МБПР води сметка за рамномерен и одржлив општествен развој како и за животната средина.

Обврската кон општеството е еден од највисоките приоритети  во системот на вредности на МБПР и претставува составен дел од нејзината деловна политика.
МБПР ја гради и одржува сопствената репутација на развојна и извозна банка која покрај поттикнувањето на економскиот развој, спроведувањето на директивите на Владата на РМ, почитувањето на законите, прописите и професионалните стандарди, се грижи за поттикнување и поддршка на позитивните општествени вредности, културата, меѓусебното почитување и толеранција, деловна етика и хуманизам.

„Ние имаме јасна визија за сопствената улога и влијанието кое како финансиска институција го имаме врз нашите корисници, партнери и пошироката заедница, како и очекувањата кои од МБПР ги имаат нашите вработени. Свесни сме дека оваа наша определба и одговорно работење се клуч за нашиот понатамошен развој.“