Производи

Кредитно осигурување

1. Што е кредитно осигурување?

Во денешната трговија најчест предуслов за реализирање на одреден договор е да се продава на отворено. На тој начин се создава кредитен однос помеѓу продавачот и неговиот купувач кој носи дополнителни трошоци, како и дополнителни ризици за продавачот. Покрај тоа што продавачот ќе чека подолго за неговата наплата, и самата вредност на побарувањата секој ден ќе биде сé помала. Трговскиот натпревар, посебно на меѓународниот пазар е премногу неизвесен, а реализацијата на проектите носи низа ризици. Овие ризици можат да се намалат со соодветни инструменти за осигурување.

За да им се помогне на македонските трговски друштва кои продаваат на отворено, Македонска банка за поддршка на развојот ад Скопје врши  осигурување на побарувањата на краток рок од комерцијални и политички ризици.
Комерцијален ризик е кога купувачот не плаќа поради неликвидност или стечај.
Политички ризик е кога купувачот не плаќа поради одредени случувања во земјата како војна, граѓански немири, окупација, револуција, укинување на дозволи, непочитување на договор, мораториум.

Корисници на кредитното осигурување можат да бидат трговски друштва регистрирани во Република Македонија кои вршат продажба на стоки и услуги на отворена сметка со рок на плаќање до 180 дена.

Со користење на кредитното осигурување се обезбедува:
-  сигурност во наплатата на побарувањата во земјата и странство;
-  подобра ликвидност и билансната состојба на трговските друштва во РМ;
- влез на нови пазари и опстојување на постојните пазари
- поедноставен пристап до финансиски средства на пазарот на капитал

2. Производи :

  • Осигурување на извозни побарувања по испорака
  • Осигурување на извозни побарувања пред испорака
  • Осигурување на домашни побарувања по испорака
  • Осигурување на домашни побарувања пред испорака

3. Процедура и трошоци за осигурување на побарувања

Потенцијалниот осигуреник доставува пополнет образец Прашалник за осигурување на побарувањата. Прашалникот треба да содржи точни податоци за обемот на продажба на потенцијалниот осигуреник, земјите каде се врши продажбата, начин на управување со ненаплатените побарувања, купувачи каде продавачот учествува во сопственичката структура, ненаплатени побарувања во последните 3 години, називите на купувачите кои доцнат повеќе од 20 дена, биланс на состојба и биланс на успех и друго.
Потенцијалниот осигуреник или веќе постоечкиот осигуреник доставува пополонета Апликација за кредитен лимит за секој купувач поединечно. Апликацијата треба да содржи точни и целосни податоци за називот на купувачот, точната адреса, доколку е во можност матичен или даночен број, висина на планираната продажба, динамика на продажба, баран кредитен лимит и сл.
Обработката на секоја апликација за кредитен лимит на странски купувач изнесува 65 евра, а за домашен купувач 2.100 денари.
Доколку МБПР го прифати потенцијалниот осигуреник за клиент, а истовремено одобри кредитен лимит за купувачите за кои осигуреникот аплицирал за кредитен лимит, МБПР издава Полиса за осигурување на побарувањата на краток рок, со посебен Прилог кон Полисата и посебни Додатоци за кредитен лимит за секој купувач поединечно. Во Додатокот за кредитен лимит се утврдуваат посебните услови под кои се прифаќа купувачот за осигурување, премиската стапка и осигурителниот процент.
Премиската стапка може да биде: минимална 0.30%, а максимална 3.04%. Висината на премиската стапка зависи од три фактори: ризик на земјата каде се наоѓа купувачот, бројот на купувачите кои ги осигурува осигуреникот, и рокот на плаќање. Од тука за еден купувач во Црна Гора со утврден рок на плаќање од 180 дена, премиската стапка ќе биде 3.04%. Премиската стапка ќе биде најмала доколку осигуреникот има најмалку пет купувачи за осигурување, во најмалку три земји. Ова МБПР го смета за дисперзија на ризик и тогаш на своите клиенти ги нуди најмалите премиски стапки.
Со примена на премиската стапка на пријавената продажба, се добива премијата која осигуреникот има обврска да ја плати на МБПР за да ја осигура својата продажба.
Клиентот/Осигуреникот има обврска редовно да ја пријавува продажбата со образецот Пријава за реализирана продажба во рамките на валидност на лимитот, како и редовно да ја плаќа премијата.
Осигуреникот има обврска и месечно да ја известува МБПР за наплатените фактури, како и за купувачите кои доцнат повеќе од 20 дена да доставува образец Известување за доцнење на плаќањето.
Осигуреникот треба да се однесува како да не е осигуран и да води добар кредитен менаџмент со цел да ги наплати своите побарувања. Во одредени случаи по барање на МБПР ќе треба да ангажира и агенција за наплата на долг. Трошоците од ангажирање на агенцијата за наплата на долг се делат меѓу МБПР и осигуреникот, во однос на тоа колкав е осигурителниот процент.
Во случај кога осигуреникот и покрај тоа, не успее да го наплати своето побарување се утврдува ризикот кој настанал: стечај, продолжено неплаќање (по 180 дена од датумот на доспевање на фактурата), или одреден политички настан, и врз основа на тоа доставува образец Барање за штета до МБПР. Со Барањето за штета осигуреникот е должен да ја достави и целата пропратна документација како: фактура, ЦМР, царинска декларација кај извозните побарувања, финансиска картица на купувачот, нарачката или договорот со купувачот и други документи ако МБПР оцени дека се потребни.
Откако осигуреникот ќе ја достави целокупната документација, МБПР ја разгледува истата максимум до 60 дена и донесува одлука за одобрување/делумно одобрување/одбивање на барањето за штета. Одбивање може да настане доколку осигуреникот свесно и целно ја ставил МБПР во ризик, несовесно се однесувал, не направил ништо за да ги наплати своите побарувања, кога и покрај препораките на МБПР да ја стопира продажбата сепак продолжил да испорачува, настанал друг ризик кој не е осигурен со Полисата за осигурување и слично.
Делумно одобрување може да настане ако осигуреникот испорачал повеќе од одобрениот кредитен лимит, ако постои спор на делумен износ, МБПР исплаќа штета за износот кој не е оспорен од страна на купувачот и слично.
Доколку настане спор помеѓу купувачот и осигуреникот, МБПР го пролонгира периодот на продолжено неплаќање, додека не се разреши спорот. МБПР не одлучува за основаноста на спорот. Доколку постои судска разрешница во корист на осигуреникот, осигурениот кога треба да достави барање за штета, во кое покрај основното побарување ги наведува и трошоците кои ги направил за спроведување на судската постапка. МБПР го исплаќа договорениот осигурен процент од вкупниот износ наведен во Барањето за штета.
Со исплата на штетата осигуреникот го префрла правото на побарувањето на МБПР, за МБПР започнува постапка на повраток. Доколку и во текот на повратокот МБПР има потреба од дополнителни документи, осигуреникот е должен истите да ги достави до МБПР. Ако МБПР успее да го наплати целиот износ од побарувањето, во тој случај на осигуреникот му дава минимум 10%, односно неосигурениот процент од исплатената штета.

6. Класификација на земји каде МБПР врши осигурување


- распоредени по азбучен редослед и категории на ризик. Категории на ризик: А -  најмал ризик, Г - најголем ризик.

А, Б, Г, Д, Е, И, Ј, К, Л, М, Н, О, П, Р, С, Т, У, Ф, Х, Ц, Ч, Ш

А

Австралија А
Австрија А
Албанија Г
Андора Б
 

Б

Белгија А
Белорусија Г
Босна и Херцеговина В
Бугарија В
 

Г

Гвадалупе Б
Германија А
Грција В
 

Д

Данска А
 

Е

Ерменија В
Естонија В
 

И

Израел Б
Индија Б
Ирска Б
Исланд В
Италија Б
 

Ј

Јапонија А
Јужна Африка В
Јужна Кореја Б
 

К

Казахстан Г
Канада А
Канарски острови Б
Катар Б
Кина В
Кипар Б
Косово Г
Кувајт Б
 

Л

Латвија Г
Литванија Г
Лихтенштајн А
Луксембург А
 

М

Македонија В
Малезија В
Малта Б
Мартиник Б
Мексико В
Молдавија Г
Монако А
 

Н

Нов Зеланд А
Норвешка А
 

О

Обединети Арапски Емирати Б
Обединето Кралство на В. Британија и С. Ирска А
Оман Б
 

П

Перу В
Полска Б
Португалија В
 

Р

Реунион Острови В
Романија В
Русија В
 

С

САД А
Сан Марино Б
Саудиска Арабија Б
Сингапур А
Словачка Б
Словенија Б
Србија В
 

Т

Тајван Б
Турција Б
 

У

Узбекистан Г
Унгарија В
 

Ф

Финска А
Франција А
 

Х

Холандија А
Хонг Конг Б
Хрватска В
 

Ц

Црна Гора Г
 

Ч

Чешка Република Б
 

Ш

Швајцарија А
Шведска А
Шпанија Б
 


* Доколку земјата во која сте заинтересирани да ги осигурате побарувањата, ја нема на листата, Ве молиме да го контактирате Секторот за кредитно осигурување.

ПЛАСИРАЊЕ НА КРЕДИТИ ЗА МСП, ТОС И ПИА И СО ВАРИЈАБИЛНА КАМАТА (во моментот 3,75% годишно).                                ПОВЛЕЧЕНА ДЕВЕТТА ТРАНША ОД ЕИБ 4 (100 милиони евра).                                НАМАЛЕНИ АПЛИКАТИВНИТЕ НАДОМЕСТОЦИ ВО СЕКТОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ.                                НАМАЛЕНА КАМАТНАТА СТАПКА ЗА ИЗВОЗЕН ФАКТОРИНГ ОД 6% НА 5%                                КРЕДИТИ ЗА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ.                                                               КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЕИБ 4 - 100.000.000 ЕВРА, НАЈПОВОЛНА КАМАТНА СТАПКА ДО 5.5%.                                КРЕДИТИ ЗА АГРОИНДУСТРИЈА СО САМО 2% КАМАТА                                Намалете го ризикот, осигурајте ја продажбата! Единствена можност за осигурување на домашни и извозни побарувања.                                Кредитна линија со гарантна шема.