За МБПР

Профил на РБСМ

Основање
Развојна банка на Северна Македонија ад Скопје е единствената развојна банка во Република Северна Македонија основана со посебен Закон за основање на Македонска банка за поддршка на развојот на 21. мај 1998 година  (Сл. весник на РМ бр. 24/98, 6/2000, 109/2005 и 130/2008). Во 2009 година е донесен новиот Закон за МБПР (Сл. весник на РМ бр. 105/2009), со цел подобрување на нејзината позиција и специфична улога на развојна банка во банкарскиот сектор и во стопанството на РСМ.

Стратешка цел
РБСМ е развојна и извозна банка чија што стратешка цел е да го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство преку кредитирање на мали и средни претпријатија и извозни компании. Банката работи во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на РСМ под надзор на Министерството за финансии и во согласност со банкарската регулатива под супервизија на Народната банка на РСМ. За своите обврски РБСМ одговара со целиот свој имот, а РСМ гарантира за обврските на Банката.

Активности на РБСМ

  1. финансирање на развојот на македонското стопанство,
  2. финансирање на инфраструктурата,
  3. поддршка на развојот на малите и средни претпријатија во РСМ,
  4. поттикнување на извозот,
  5. поттикнување на заштита на животната средина,
  6. осигурување на извозот на македонски производи и услуги од комерцијални и политички ризици.
  7. поддршка на регионалниот развој

Сопственост
РБСМ е акционерско друштво чиј основач и 100% -тен сопственик е Република Северна Македонија.

Вработени
41 вработен на ден 31.12.2018 година.

Мисија
Нашата мисија како развојна и извозна банка на Република Северна Македонија е поддршка на создавањето на нови вредности кои се темелат на знаење, културно наследство и природното богатство со цел постојан и рамномерен развој на сите региони на Република Северна Македонија.

 

 

 

ПОВЛЕЧЕНА ТРЕТАТА ТРАНША ОД ЕИБ-5 КРЕДИТНАТА ЛИНИЈА ВО ИЗНОС ОД 12,8 МИЛИОНИ ЕВРА                                ПОТПИШАН ДОГОВОР СО ЕИБ ЗА 100.000.000 ЕВРА - 5. ФАЗА                                                                                              ПЛАСИРАЊЕ НА КРЕДИТИ ЗА МСП, ТОС И ПИА И СО ВАРИЈАБИЛНА КАМАТА (во моментот 3,75% годишно).                                НАМАЛЕНИ АПЛИКАТИВНИТЕ НАДОМЕСТОЦИ ВО СЕКТОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ.                                НАМАЛЕНА КАМАТНАТА СТАПКА ЗА ИЗВОЗЕН ФАКТОРИНГ ОД 5% НА 4%                                КРЕДИТИ ЗА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ.                                КРЕДИТИ ЗА АГРОИНДУСТРИЈА СО САМО 2% КАМАТА                                Намалете го ризикот, осигурајте ја продажбата! Единствена можност за осигурување на домашни и извозни побарувања.                                Кредитна линија со гарантна шема.