МБПР ги нуди следните финансиски производи:
1. КРЕДИТИРАЊЕ
- кредит за поддршка на извозот - обртни средства за подготовка на производство наменето за извоз и обртни средства за премостување на периодот од направениот извоз до наплатата на средствата од странскиот купувач;
- кредит за мали и средни претпријатија - трајни обртни средства и инвестиции од различни извори: ИКЛ-револвинг, МБПР, ЕИБ-револвинг, ЕИБ-50 милиони евра;
- кредит за поддршка на земјоделството и агроиндустријата - примарно производство, преработка и извоз;
- кредит за микро компании - микро и мали трговски друштва, индивидуални претприемачи, занаетчиски дуќани, приватни трговци, тезги на пазар и други микро и мали стопански субјекти;
- кредит за енергетика - енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија;
- кредит за намалување на невработеноста - создавање и одржување на работни места и самовработување со кредитирање;
- кредит со гарантна шема - микро, мали и средни трговски друштва кои немаат доволно обезбедување при аплицирање кај деловните банки.
2. КРЕДИТНО ОСИГУРУВАЊЕ на:
- домашни побарувања (пред и по испорака) и
- извозни побарувања (пред и по испорака)
од комерцијални и политички ризици.
3. ФАКТОРИНГ - е најнов производ кој е единствен на финансискиот пазар во РМ.

