Вести

Печати

МБПР осигурува побарувања од купувачи од Косово

МБПР склучи нов договор за реосигурување, со кој и Република Косово се вклучи во листата на земји каде МБПР врши осигурување на побарувања од краткорочни комерцијални ризици (стечај и продолжено неисполнување на обврските од страна на купувачите).
Со новиот договор МБПР ќе им овозможи на македонските извозници да ги осигуруваат своите побарувања кон купувачи од Косово. На тој начин им даваме поддршка на македонските компании за похрабар настап на косовскиот пазар со што пак се овозможува зголемување на извозот.

Печати

Повлечена првата транша од „ЕИБ-50 милиони евра“

21.12.2011 -  Повлечена е првата транша од кредитната линија од ЕИБ 2 - 50 милиони евра во износ од 23,27 милиони евра. Со овие средства ќе се поддржат нови 112 проекти со пресметковна вредност од 44,87 милиони евра. Од оваа транша, 73% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години.
Со реализација на овие 112 проекти се очекува да се отворат нови 434 работни места .
Проектите се реализираат преку: НЛБ Тутунска банка ад Скопје, Прокредит банка ад Скопје, Охридска банка ад Охрид, Халкбанк ад Скопје, Шпаркасе банка Македонија ад Скопје и УНИ банка ад Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша за проиритетни проекти, како и транша за кредитирање на МСП од кредитната линија од ЕИБ 2 - 50 милиони евра.

Печати

Презентација на инструментите за поддршка на извозот

МБПР ги презентираше своите инструменти за поддршка на извозот - осигурување на извозот и извозен факторинг

21.12.2011 - Македонска банка за поддршка на развојот во соработка со Стопанската комора на Македонија, денес организираше презентација на своите нови услуги пред извозните компании.
На презентацијата, претставници од Банката, детално ги презентираа: осигурувањето на извозот и извозниот факторинг како нов инструмент за поддршка на извозот, пред околу шеесет компании - членки на Комората.

Печати

Потпишан нов договор со ЕИБ

>>Вести

14.10.2011 - Потпишан е Договор за заем помеѓу МБПР и ЕИБ во износ од 50 милиони евра за финансирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти. Кредитната линија ќе се реализира преку девет банки учеснички:

  1. Комерцијална банка ад Скопје
  2. Стопанска банка ад Скопје
  3. Стопанска банка ад Битола
  4. НЛБ Тутунска банка ад Скопје
  5. Охридска банка ад Охрид
  6. Прокредит банка ад Скопје
  7. Халкбанка ад Скопје
  8. Шпаркасе банка ад Скопје
  9. Уни банка ад Скопје

МБПР прави напори да вклучи уште три нови банки учеснички.