Македонска Банка за Поддршка на Развојот
Вести
» Архива на вести
  Интересно за Вас ::
Практика во МБПР
  Q&A online ::
Online Прашања и одговори
  Банкарство ::
Што треба да знаете за банките и за кредитите
  Осигурување ::
Документи
Процедура за осигурување на побарувањата
Процедура за исплаќање на штета
Најчести прашања во врска со трговско кредитно осигурување
Земји на осигурување
  Линкови ::
Финансиски институции
 
Контакт со МБПР:
ул. "Вељко Влаховиќ",
бр. 26, Скопје
Тел.: 389/02/ 3 115 844
  3 109 981
Факс: 389/02/ 3 239 688
E-mail: info@mbdp.com.mk
 
 
Печати


 

КРЕДИТНА ЛИНИЈА ОД ЕВРОПСКА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА

 

 

•  Информации за производите на кредитната линија од
    ЕИБ

•  Постапка за добивање кредит

 

•  Информации за производите на кредитната линија од ЕИБ
Кредитната линија од ЕИБ во износ од 100.000.000 ЕУР, содржи два производа:

ПРОИЗВОД 1

Назив на производот:

МСП инвестициони кредити од ЕИБ

Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници (КК), дел на МБПР:

•  Микро претпријатија кредит до 26.700 ЕУР

•  Мали претпријатија кредит до 266.700 ЕУР

•  Средни претпријатија кредит до 2.666.700 ЕУР

 

Минимален износ 10.000 ЕУР

Рок на отплата:

Од 4 до 5 години

Вклучен грејс период:

До 12 месеци

Каматна стапка за КК:

6% годишно (првата година)

3м ЕУРИБОР +5% но не помалку од 6%

Учество на БУ во кредитната поддршка:

Минимум 25% од износот на кредитната поддршка на КК

Намена:

Поддршка на идентификувани проекти и тоа:

•  Купување на материјални средства

    • Недвижности
    • Опрема
    • Обртни средства (не повеќе од 30% од вредноста на кредитот)

•  Инвестиции во нематеријални средства (развој, планирање и финансирање во фаза на конструкција како и трошоци за плати и останато поврзано со фазата на истражување и развој)

Приоритетни крајни корисници:

•  Субјекти кои во тековната во однос на претходната година имаат зголемен обем на работење во висина од најмалку 5% или зголемен извоз од најмалку 5%

•  Субјекти кои имаат спроведено вложување во модернизација, заштеда на енергија, заштита на околина

•  Субјекти кои го зголемиле бројот на вработени

•  Субјекти кои имаат добра пазарна конкурентност (приходи од работење поголеми од расходи од работење, тековна ликвидност поголема од 0,8 и најмалку 30% приходи од извоз)

Забрани и исклучувања:

Од овој кредитен производ не може да се финансираат проекти од областа на:

•  Производство на оружје

•  Игри на среќа

•  Производство на тутун

•  Активности поврзани со живи животни

•  Активности кои имаат влијание на екологијата

•  Клонирање

•  Активности од областа на трговија со недвижности

•  Проекти со пресметковна вредност поголема од 25 мил. ЕУР

•  Проекти кои се однесуваат на финансирање бензиски пумпи, авто салони и трговија

Критериуми за утврдување на микро, мало и средно претпријатие:

•  Микро претпријатие е она кое исполнува еден од следните два критериуми:

•  Да има годишен обрт до 50.000 ЕУР или

•  Да има до 5 постојано вработени

•  Мало претпријатие е она кое исполнува еден од следните критериуми:

•  Да има годишен обрт до 200.000 ЕУР или

•  Да има 6 до 50 постојано вработени

•  Средно претпријатие е она кое исполнува еден од следните критериуми:

•  Да има годишен обрт над 200.000 ЕУР или

•  Да има од 51 до 250 постојано вработени

За сите три вида на претпријатија, вкупниот број на постојано вработени не смее да надмине 250 вработени. Во колку претпријатието кредитобарател има удели во друго претпријатие тогаш:

•  Ако уделот е до 25%, не се додава бројот на вработени од другото претпријатие

•  Ако уделот е помеѓу 26% и 50%, тогаш процентуалното учество се додава на бројот на вработените од другото претпријатие и така добиениот број се додава на бројот на вработени на претпријатието кредитобарател

•  Ако уделот е над 51%, во тој случај целокупниот број на другото претпријатие се додава на бројот на претпријатието кредитобарател

Обезбедување од КК за БУ:

Вообичаени инструменти за обезбедување како хипотека, рачна залога, меници и сл.

Останато:

Бројот на вработени не смее да се намалува за време на отплатата на кредитот

 

ПРОИЗВОД 2

Назив на производот:

МСП кредити за трајни обртни средства од ЕИБ

Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници (КК) дел на МБПР:

•  Микро перетпријатија кредит до 20.000 ЕУР

•  Мали претпријатија кредит до 200.000 ЕУР

•  Средни претпријатија кредит до 666.700 ЕУР

 

Минимален износ 5.000 ЕУР

Рок на отплата:

Не помал од 2 години и не повеќе од 3 години

Вклучен грејс период:

До 6 месеци

Каматна стапка за КК:

6% годишно (првата година)

3м ЕУРИБОР +5% но не помалку од 6%

Учество на БУ во кредитната поддршка

Минимум 25% од износот на кредитната поддршка на КК

Намена:

•  Поддршка на барањата за перманентно зголемување на потребите за обртен капитал во услови на експанзија на бизнис активностите на компанијата

Приоритетни крајни корисници:

•  Субјекти кои во тековната во однос на претходната година имаат зголемен обем на работење во висина од најмалку 5% или зголемен извоз од најмалку 5%

•  Субјекти кои имаат спроведено вложување во модернизација, заштеда на енергија, заштита на околина

•  Субјекти кои го зголемиле бројот на вработени

•  Субјекти кои имаат добра пазарна конкурентност (приходи од работење поголеми од расходи од работење, тековна ликвидност поголема од 0,8 и најмалку 30% приходи од извоз)

Забрани и исклучувања:

Од овој кредитен производ не може да се финансираат претпријатија со дејност:

•  Производство на оружје

•  Игри на среќа

•  Производство на тутун

•  Активности поврзани со живи животни

•  Активности кои имаат влијание на екологијата

•  Клонирање

•  Активности од областа на трговија со недвижности

•  Проекти со пресметковна вредност поголема од 25 мил. ЕУР

•  Проекти кои се однесуваат на финансирање бензински пумпи, авто салони и трговија

Критериуми за утврдување на микро, мало и средно претпријатие:

•  Микро претпријатие е она кое исполнува еден од следните два критериуми:

•  Да има годишен обрт до 50.000 ЕУР или

•  Да има до 5 постојано вработени

•  Мало претпријатие е она кое исполнува еден од следните критериуми:

•  Да има годишен обрт до 200.000 ЕУР или

•  Да има од 6 до 50 постојано вработени

•  Средно претпријатие е она кое исполнува еден од следните критериуми:

•  Да има годишен обрт над 200.000 ЕУР или

•  Да има од 51 до 250 постојано вработени

За сите три вида на претпријатија, вкупниот број на постојано вработени не смее да надмине 250 вработени. Во колку претпријатието кредитобарател има удели во друго претпријатие тогаш:

•  Ако уделот е до 25%, не се додава бројот на вработени од другото претпријатие

•  Ако уделот е помеѓу 26% и 50%, тогаш процентуалното учество се додава на бројот на вработените од другото претпријатие и така добиениот број се додава на бројот на вработени на прептријатието кредитобарател

•  Ако уделот е над 51% во тој случај целокупниот број на другото претпријатие се додава на бројот на претпријатието кредитобарател

Обезбедување од КК за БУ:

Вообичаени инструменти за обезбедување како хипотека, рачна залога, меници и сл.

Останато:

Бројот на вработени не смее да се намалува за време на отплатата на кредитот

 

•  Постапка за добивање кредит
Првиот чекор за добивање кредит е АПЛИЦИРАЊЕ во некоја од следните комерцијални банки:

•  ШПАРКАСЕ БАНКА Македонија АД СКОПЈЕ
•  Комерцијална банка АД Скопје
•  НЛБ Тутунска банка АД Скопје
•  Охридска банка АД Охрид
•  Прокредит банка АД Скопје
•  Стопанска банка АД Скопје
•  Стопанска банка АД Битола
•  Извозна и кредитна банка АД Скопје
•  УНИ банка АД Скопје

 

ШТО ТРЕБА ДА ДОСТАВИТЕ НА БАНКАТА УЧЕСНИК?

•  кредитно барање
•  кратка инвестициона програма
•  биланс на успех, биланс на состојба и тековна состојба
•  други документи на барање на банката учесник

 

Доколку имате прашања или нејасни работи, слободно обратете се во секторот за кредитирање на некој од нашите телефони или преку нашата e - mail адреса.

 

 

Горе
Печати