|
Активностите на МБПР
Согласно Законот за МБПР, Статутот, Кредитната политика, Политиката за промоција на извозот и другите деловни акти, МБПР ги извршува следните активности:
- Кредитирање во земјата, вклучувајќи и финансирање на комерцијални трансакции: кредити за инвестиции, кредити за извоз;
- Кредитно осигурување од комерцијални и политички ризици: осигурување на извозот;
- Издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување;
- Откуп, продажба и наплата на побарувања;
- Платен промет во земјата и во странство, вклучувајќи продажба на девизи;
- Факторинг и форфетинг за сметка на клиенти;
- Тргување со хартии од вредност во свое име и за своја сметка;
- Прибирање, обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни лица и нивна продажба;
- Економско-финансиски консалтинг;
- Осигурување на инвестиции
|