МБПР најголем дел од своите кредитни активности ги врши почитувајќи ги принципите на:
- соработка со деловните банки;
- не фаворизирање на ниту една банка;
- дополнување на инвестициските средства со кои располагаат деловните банки.
Оценката на бонитетот на деловните банки за квалификување како банки-учеснички во кредитните програми на МБПР се врши врз основа на Методологијата за оценка на банките-учеснички на МБПР. Бонитетот на деловните банки се проверува и преиспитува согласно Методологијата,
најмалку еднаш годишно
.
МБПР ги реализира своите кредитни програми преку деловните банки во Република Македонија, со кои има склучено рамковни договори за учество во реализацијата на односните кредитни линии (Кредити за извоз, Кредити за инвестиции)
Кредитобарателите ги поднесуваат своите барања, заедно со придружната документација, во банките - учеснички и тоа: