Македонска Банка за Поддршка на Развојот
Вести
» Архива на вести
  Интересно за Вас ::
Практика во МБПР
  Q&A online ::
Online Прашања и одговори
  Банкарство ::
Што треба да знаете за банките и за кредитите
  Осигурување ::
Документи
Процедура за осигурување на побарувањата
Процедура за исплаќање на штета
Најчести прашања во врска со трговско кредитно осигурување
Земји на осигурување
  Линкови ::
Финансиски институции
 
Контакт со МБПР:
ул. "Вељко Влаховиќ",
бр. 26, Скопје
Тел.: 389/02/ 3 115 844
  3 109 981
Факс: 389/02/ 3 239 688
E-mail: info@mbdp.com.mk
 
 Инфо за МБПР
Печати
Целни групи – корисници на кредитите

     Кај кредитните програми, на МБПР, од домашни извори на средства, приоритетни целни групи односно потенцијални корисници на кредитите, главно, се:

  1. Кај кредитите за извоз – трговските друштва кои се извозно ориентирани, кои покажуваат солидни резултати во работењето, кои имаат склучено договори за извоз и кои се во приватна сопственост над 51%, и имаат нето девизен ефект во извозот;
  2. Кај кредитите за инвестиции – малите и средни трговски друштва, кои имаат деловна историја или се новоосновани, кои покажуваат солидни резултати во работењето и кои се во приватна сопственост над 51%.
     Кај кредитните програми од странски извори на средства (Кредити за инвестиции) целните групи односно потенцијалните корисници на кредитите се малите и средни трговски друштва и тие како такви, главно, се дефинирани со условите на користење на странските кредити.

     Во принцип, финансиската поддршка е првенствено наменета за трговски друштва што обезбедуваат повисок степен на финализација, технолошки иновации и развој, нови работни места, што се конкурентни на домашниот и странскиот пазар, извозно ориентирани трговски друштва или трговски друштва кои ја намалуваат увозната зависност и кои инвестираат во енергетска заштеда и производство на енергија од обновливи извори .

Горе
Печати