Трговско кредитно осигурување
(Политика за промоција на извозот )
Осигурување на побарувања од комерцијални ризици на краток рок:
побарувања од извоз и
домашни побарувања
Цел на програмата
МБПР врши
осигурување
на
извоз и осигурување на домашни побарувања
од комерцијални ризици на краток рок. Осигурувањето е инструмент за управување со ризикот, со кој побарувањата што трговското друштво ги има по основа на
реализирани извози или домашни продажби, се штитат од негативните ефекти предизвикани од стечај или продолжено неисполнување на обврските на купувачот.
При вршењето на осигурувањето, МБПР се придржува кон Меѓународните
правила за кредитно осигурување.
Комерцијални ризици – предмет на осигурување
- Стечај на купувачот во странство
- Продолжено неисполнување на обврските од страна на купувачот во странство
При настанување на штета, како резултат на неможноста да се наплатат побарувањата од странските купувачи заради комерцијални ризици, МБПР надоместува 90% од претрпената штета.
Предности на извозното осигурување
- Сигурност во наплатата на побарувањата од
извоз и од домашни продажби;
- Поголема извозна конкурентност, односно понуда на услови кои се идентични со оние кои ги нудат странските
компании;
- Зголемен обем на
и домашни
трансакции;
- Настап на нови пазари во странство
и освојување на нови купувачи;
- Добивање на информации за осигурување и кредитирање на извозот, на едно место;
- Можност договорот за осигурување на
побарувањата да
се користи како колатерал кај комерцијалните
банки;
- При увоз на репроматеријали, претприемачите да не плаќаат авансно, туку нивните добавувачи да си го осигураат сопствениот извоз.
МБПР е полноправен член на Прашкиот клуб на осигурители на извозни кредити и инвестиции. |