Македонска Банка за Поддршка на Развојот
Вести
» Архива на вести
  Интересно за Вас ::
Практика во МБПР
  Q&A online ::
Online Прашања и одговори
  Банкарство ::
Што треба да знаете за банките и за кредитите
  Осигурување ::
Документи
Процедура за осигурување на побарувањата
Процедура за исплаќање на штета
Најчести прашања во врска со трговско кредитно осигурување
Земји на осигурување
  Линкови ::
Финансиски институции
 
Контакт со МБПР:
ул. "Вељко Влаховиќ",
бр. 26, Скопје
Тел.: 389/02/ 3 115 844
  3 109 981
Факс: 389/02/ 3 239 688
E-mail: info@mbdp.com.mk
 
 Осигурување на извозот
Печати

Најчести прашања во врска со трговско кредитно осигурување


1. Што е трговско кредитно осигурување и што осигурува МБПР?

Одговор:

     • Трговско кредитно осигурување е финансиски инструмент со кој извозниците се        штитат од ризикот на неплаќање и стечај кога извезуваат на отворено.
     • МБПР осигурува извозни побарувања од краткорочни комерцијални ризици,        односно извоз на отворено.
     • Под краткорочни ризици се подразбира наплата на побарувања до 180 дена.
     • Под комерцијален ризик се подразбира стечај или продолжено неплаќање.

 
2. Што е помошта од МБПР за стопанствениците , со трговското кредитно осигурување?

Одговор:

     • Во услови на се' поголема глобализација во светот, а главно на светските        пазари, се бара продажба на одложено. Кога постои огромна конкуренција        “неговото величество” – купувачот поставува услови односно бара да плати        подоцна и без обезбедување. За да не останат без никакво обезбедување, а да        бидат конкурентни, пожелно е за македонските компании да се осигураат со        најефтин начин на обезбедување.
     • Се работи за побарувања од извоз и домашни побарувања, каде нема никакво        обезбедување (нема акредитив, нема банкарска гаранција, нема аванси), само        фактурата и извозната царинска декларација, како доказ дека е извршен        извозот. Со трговско кредитно осигурување прво го проверувате бонитетот на        Вашиот партнер, а второ, во случај да не Ви плати поради горенаведените        причини, ќе бидете компензирани 90% од вашите побарувања .


3. Постојано се споменува Бернска Унија и Прашки Клуб, што е тоа?

Одговор:

     • Бернска Унија е меѓународно здружение на кредитни и инвестициони        осигурители (Coface Франција, Hermes Германија, Lloyd Велика Британија и др.),        кои полугодишно се среќаваат и разговараат за сите проблеми околу трговското        кредитно осигурување, а истовремено организираат и семинари и обуки за        одредени прашања.
    • Прашкиот клуб е членка на Бернската Унија формирана за институции кои се        занимаваат со трговско кредитно осигурување од Јужна и Југоисточна Европа.        Овој клуб е формиран после 90-те години, со цел побрзо да се обучат или        оспособат институциите од овие земји на планот на трговско кредитно        осигурување, бидејќи претходно во овие земји вакви институции или не постоеле        или биле на многу ниско ниво.
    • МБПР е член на Прашкиот Клуб.

Горе
4. Објаснете ја накратко процедурата на трговско кредитно осигурување!

Одговор:

П Р О Ц Е Д У Р А

     • Прашалник за трговско кредитно осигурување на извоз и домашни побарувања        од комерцијални ризици на краток рок треба да се достави во МБПР и истиот се        обработува.
     •  По обработката, се доставува допис со информација за можната премиска        стапка и кои земји од прашалникот може да се осигуруваат.
     •  Доколку МБПР добие апликација за кредитен лимит прави проверка на        бонитетот на странските купувачи и одобрува кредитен лимит. Трошоците за        бонитет се на терет на осигуреникот.
     •  По добивањето на бонитетите МБПР изготвува кредитни лимити (тоа е        максималниот износ на изложеност на осигуреникот спрема купувачот во било        кое време) и изготвува конечна понуда на полисата во која се вклучени општите        услови за трговско кредитно осигурување. Доколку постои согласност, се        склучува договор.
     •  По склучувањето на договорот, до 15-ти во месецот на посебен образец се        пријавуваат реализираните продажби за претходниот месец.
     •  По добивањето на овие известувања, МБПР прави пресметка за премијата и ја        доставува до осигуреникот. Со плаќање на премијата, важи и трговското        кредитно осигурување.


5. Дали имате осигуреници кај македонските извозници?

Одговор:

      • Да, некои од нив се: Витаминка АД Прилеп, Алкалоид АД Скопје, Фабрика за        кабли Неготино АД , Раде Кончар Релеи, Микросам и други.


6. Дали сте исплатиле штети и која е процедурата?

Одговор:

П Р О Ц Е Д У Р А

     •  Во случи кога доцни плаќањето , осигуреникот пријавува штета во МБПР, во        рок од 20 дена. По пријавата на штета, МБПР презема активности за наплата и        одреден период (од 6 месеци) чека да види дали ќе се наплати побарувањето за        случај на продолжено неплаќање. Во случај на стечај нема период на чекање од        6 месеци.
     •  Доколку во овој период нема наплата, МБПР му дава инструкција на        осигуреникот да поднесе барање за отштета, и во рок од еден месец, доколку се'        е во ред, ја исплаќа штетата.
     •  За да се оствари правото на обештетување, потребно е осигуреникот да даде        точни податоци и да се однесува како добар стопанственик. На пример: доколку        странскиот купувач претходно должел, а тоа не е пријавено, може да се случи        да нема исплата на штета.
     •  Во случај на исплата на штета, МБПР исплатува 90% од настанатата штета на        жиро сметката на осигуреникот и заедно со осигуреникот, ги презема сите        законски активности за наплата на штетата.
     •  Трошоците и приходите при наплатата на штетата, се делат во сооднос 90:10        меѓу МБПР и осигуреникот.
     •  Досега се исплатени обештетувања на повеќе осигуреници.
Горе
Печати