Соработка со меѓународни институции за извозно кредитно осигурување
Осигурувањето на
извоз и домашни побарувања
од комерцијални ризици е инструмент за управување со ризикот, со кој побарувањата што трговското друштво ги има по основа на реализиран извоз, се штитат од негативните ефекти предизвикани од стечај или продолжено неисполнување на обврските на купувачот.
МБПР е полноправен член на Прашкиот клуб на осигурители, кој е огранок на Бернската унија како светска унија на осигурители и реосигурители, и има потпишано спогодби со извозно кредитни – агенции од регионот и пошироко и тоа со:
- SEC (СИД) Словенија,
- БАЕЗ од Бугарија,
- MEHIB од Унгарија,
- HBOR од Хрватска,
- EXIM од Романија,
- IGA од Босна и Херцеговина,
- ИГНОСТРАХ од Руската Федерација,
- SACE од Италија,
- Uzbekinvest од Узбекистан,
- KUKE од Полска,
- Smeca од Србија и Црна Гора. |