Кредити за инвестиции
(Кредитна политика)
Кредитните програми на МБПР, кои се однесуваат на среднорочни и долгорочни инвестициски вложувања, се наменети за финансирање на:
стопански гранки утврдени како приоритет во макроекономсата политика на Република Македонија,
проекти што обезбедуваат поголем број на вработувања,
проекти што обезбедуваат повисок техничко-технолошки развој и воведување на нови технологии,
проекти што вклучуваат набавка на опрема од домашно производство,
проекти што обезбедуваат поголем нето девизен прилив,
проекти што подразбираат поголемо користење на домашни суровини,
проекти што се во согласност со регулативата за заштита на човековата околина.
Кредитни програми за финансирање на инвестициите:
Кредити за трајни обртни средства од сопствени извори
Кредитна линија од германската KfW - Револвинг
Стокова кредитна линија од Република Италија
(Револвинг Фонд)
Кредитна линија за развој на МСТД
Микрокредитна линија од KfW за микробизниси
Кредитна линија од CEB за создавање нови работни места
Кредити за одржливи извори на енергија
ЕИБ кредитна линија
|