Кредитна линија од СЕВ за создавање нови работни места
(Кредитна политика)
CEB КРЕДИТНА ЛИНИЈА
На
25. ноември
2005 година Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје и Развојната банка при Советот на Европа (CEB) потпишаа Рамковен договор за соработка според кој CEB
и'
одобри кредит на МБПР во износ од 10.000.000 ЕУР (десет милиони евра) за финансирање на создавање и одржување на работни места во малите и средни трговски друштва во Република Македонија. На 18.10.2006 година на МБПР и е префрлена првата транша од кредитот во износ од 5.000.000 ЕУР (пет милиони евра).
Реализацијата на оваа кредитна линија се одвива преку следните банки-учеснички: Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола и Охридска банка АД Охрид. Кредитите на малите и средните трговски друштва (кои имаат до 250 вработени ) им се одобруваат под следните услови:
Рок на отплата: до 7 години со вклучен грејс период до 2 години,
Каматна стапка: променлива,
Отплата: квартална,
Износ: максимален износ на кредитите 400.000 ЕУР,
Намена: набавка на основни средства.
Со оваа кредитна линија се очекува создавање на околу 950 нови работни места.
Банки-учеснички кај кои може да се поднесе барањето:
|