Кредитна линија од германската KfW - Револвинг
(Кредитна политика)
Цел на кредитната линија
Средствата од оваа кредитна линија се одобруваат за модернизација и проширување на постојните приватни мали и средни трговски друштва, како и за основање на нови трговски друштва.
Кредитот учествува со 85% од пресметковната вредност на инвестиципниот проект, а крајниот корисник со 15%, како сопствено учество.
Корисници на кредитите
Потенцијални корисници на кредитите се трговските друштва, регистрирани во Република Македонија, чиј капитал е над 51% во приватна сопственост, кои покажуваат солидни резултати во работењето.
Како крајни корисници можат да се јават и МСТД кои веќе користеле кредит од кредитната линија на KFW или од други кредитни линии.
Во рамките на оваа кредитна линија постои можност и за финансирање на трговски друштва, кои отпочнуваат со работа или продолжуваат со работата, но со нов бизнис , при што инвеститотот, или одговорното лице за реализација на проектот, треба да има претходно искуство во дејноста. Износите на кредитите за ваквите трговски друштва можат да бидат до 250.000 ЕУР . Пожелно е кај ваквите случаи како гаранти да се јават други трговски друштва.
Намена на кредитите
Кредитите се наменети за финансирање на
основни средства – најмалку од 40%, и за
обртни средства – најмногу до 60%.
Општи услови на кредитите
|