Кредитна линија за развој на МСТД
(Кредитна политика)
Цел на кредитната линија
Оваа кредитна линија има за цел финансирање на инвестициите и развојот на малите и средни трговски друштва.
Корисници на кредитите Потенцијални корисници на кредитите се трговските друштва, регистрирани во Република Македонија, чиј капитал е над 51% во приватна сопственост и тоа:
Постојани мали и средни трговски друштва кои остваруваат позитивен финансиски резултат и
Нови мали и средни трговски друштва.
Со средствата од кредитната линија не се финансираат трговски активности, купување на други правни лица, инвестиции за кои се веќе одобрени кредити и сл.
Намена на кредитите
-
Најмалку 50% од износот на кредитот е наменет за набавка на основни средства.
-
Најмногу до 50% од износот на кредитот може да биде наменет за обртни средства.
Со средствата од кредитната линија не се финансира набавка на основни стада и долгогодишни насади.
Општи услови на кредитите |