Кредити за трајни обртни средства
(Кредитна политика)
Цел на кредитната линија
Средствата од кредитите се одобруваат за поддршка на трговските друштва со трајни обртни средства, од кои се чувствува голема потреба кај истите.
Корисници на кредитите
Како потенцијални корисници можат да се јават трговски друштва со над 51% сопственост, регистрирани во РМ, кои покажуваат солидни резултати во работењето.
Средствата се одобруваат на правни лица регистрирани за вршење на дејностите предвидени во Националната класификација на дејностите, со исклучок на следните дејности:
Е – Трговија
Ј – Јавна управа, задолжителна социјална заштита
М – Приватни домаќинства со вработени лица
Н – Екстериторијални организации и тела
Со средствата од кредитната линија не можат да се финансираат стоки за широка потрошувачка, луксузни стоки, стоки и материјали директно поврзани со употреба за воени цели. Од финансирањето се исклучени и ставки кои не се во согласност со важечката регулатива за заштита на човековата околина во РМ, ставки наменети за генетски инженеринг, поризводство, складирање и преработка на радиоактивни производи или отпадоци, ставки за производство, дистрибуција или продажба на меѓународно забранети пестициди или хербициди, како и ставки наменети за складирање, преработка или исфрлање на штетни отпадни материи.
Со средствата од кредитната линија не можат да се финансираат ниту царини и други увозни давачки, како и други трошоци поврзани со увозот на стоки во Република Македонија.
Намена на кредитите
За обртни средства, 100%.
Општи услови на кредитите 
|