Мисија и стратешка цел на МБПР
Македонска банка за поддршка на развојот а.д. Скопје е основана во ноември 1998 година, со Закон за основање на МБПР (Сл. Весник на РМ бр. 24/98, 6/2000, 109/2005 и 130/2008). Во 2009 година донесен е нов Закон за МБПР (Сл. Весник на РМ бр. 105/2009), со кој се утврдени целите и задачите на Банката. Како цел на Банката, утврдено е да го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на Република Македонија.
Како основни задачи на МБПР, со законот се утврдени:
финансирање на развојот на трговските друштва основани во Р. Македонија ;
поттикнување на извозот;
поддршка на мали и средни претпријатија основани во Р. Македонија;
финансирање на инфраструктура;
поддршка на регионалниот развој;
финансирање на проекти за обезбедување и заштита на животната средина на обновливи извори на енергија
Заради извршување на целите и задачите утврдени со Законот за МБПР, во законот се утврдени активности кои може да ги врши преку други банки или небанкарски финансиски институции и/или директно и/или заеднички со други банки или небанкарски финансиски институции. Меѓу останатите активности кои ги врши Банката е и активноста:
- кредитно осигурување од комерцијални и политички ризици , преку која врши осигурување на краткорочните побарувања на македонските извозници по основа на извршен извоз од странските купувачи и тоа од краткорочни комерцијални ризици (стечај на странскиот купувач или плаќање одложено за повеќе од 90 дена).
Во работењето на МБПР се применуваат одредбите од Законот за банки, освен ако не е поинаку уредено со Законот за МБПР.
Супервизија на работењето на МБПР врши Народна банка на РМ, а надзорот на работењето на МБПР кое го врши во име и за сметка на Р. Македонија, го врши Министерството за финансии.
МБПР е акционерско друштво во кое Р. Македонија е единствен акционер. За своите обврски Банката одговара со целиот свој имот, а Р. Македонија гарантира за обврските на Банката. Вкупните обврски на МБПР не можат да надминат во било кое време десет пати од износот на сопствените средства на Банката.
Управувачко - раководна структура: |
| Собрание: Претседавач, се избира на секоја седница |
| Надзорен одбор: Претседател, Оливер Костуранов |
| Главен извршен директор: Драган Мартиновски |
| Главен оперативен директор: Ќенан Идризи |
| |
|