З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА PAЗBOJOT
Член 1
Bo Законот за основање на Македонска банка за поддршка на развојот („Службен весник на Република Македонија" број 24/98), во членот 6 по став 2 се додава нов став 3 кој гласи:
„Изложеноста на Банката спрема одделна банка за финансирање на развојни и извозни проекти може да изнесува најмногу до двојниот износ на гарантниот капитал на Банката."
Досегашните ставови 3, 4, 5 и 6 стануваат ставови 4, 5, 6 и 7.
Член 2
Bo членот 12 став 1 бројот „3" се заменува со бројот „4".
Член 3
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
|