ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ
Член 1
Во Законот за основање на Македонска банка за поддршка на развојот (“Службен весник на Република Македонија” број 24/98, 6/2000 и 109/2005), во членот 6 став 1 точка 6 по зборот “ризици” се додаваат зборовите: “и осигурување на домашни побарувања од комерцијални ризици”.
По ставот 3 се додава нов став 4, кој гласи:
“Прописите со кои се уредува обврската за држење на задолжителна резерва на сметки кај Народната банка на Република Македонија не се применуваат на:
1) изворите на средства на Банката и
2) обврските на комерцијалните банки по основ на пласмани од средства на Банката.”
Во ставот 5 кој станува став 6 зборовите: “Управниот одбор” се заменуваат со зборовите: “Надзорниот одбор”.
Ставовите 6 и 7 стануваат ставови 7 и 8, а во ставот 8 кој станува став 9 бројот “5” се заменува со бројот “6”.
Член 2
Во членовите 8-а став 4 и 8-б став 5 зборовите: “Управниот одбор” се заменуваат со зборовите: “Надзорниот одбор”.
Член 3
Членот 14 се брише.
Член 4
Насловот на Глава 7 се менува и гласи: “Органи на Банката”.
Член 5
Членот 17 се менува и гласи:
“Органите на Банката се: собрание, надзорен одбор, одбор за управување со ризици, одбор за ревизија, управен одбор и други органи утврдени со статутот на Банката.”
Член 6
По членот 17 се додаваат три нови члена 17-а, 17-б и 17-в, кои гласат:
“Член 17-а
Република Македонија во Собранието на Банката, е претставена од пет лица именувани од Владата на Република Македонија-претставници на државниот капитал.
За именување на членовите на Надзорниот одбор кои се претставници на државниот капитал на Банката, односно кои се именувани на предлог на претставниците на државниот капитал во Собранието на Банката не е потребна претходна согласност од гувернерот на Народната банка на Република Македонија.
Во Надзорниот одбор на Банката не се именуваат независни членови.
Член 17-б
До приватизација на најмалку 15% од капиталот на Банката, именуваните претставници на државниот капитал во Собранието на Банката се и членови на Надзорниот одбор на Банката.
Со приватизација на најмалку 15% од капиталот на Банката, Надзорниот одбор на Банката го сочинуваат пет члена именувани од Собранието на Банката и тоа три на предлог на претставниците на државниот капитал во Собранието на Банката, по претходна согласност на Владата на Република Македонија и два члена на предлог на другите акционери на Банката.
Со приватизација на најмалку 15% од капиталот на Банката, одлуките во врска со средствата од Гарантниот фонд ги донесуваат членовите на Надзорниот одбор на Банката, именувани на предлог на претставниците на државниот капитал во Собранието на Банката.
Член 17-в
Надзорниот одбор на Банката одобрува изложеност спрема одделна банка од над 50% од гарантниот капитал на банката.”
Член 7
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
|