З А К О Н ЗА ОСНОВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА HA PAЗBOJOT
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1 Co овој закон се основа и се уредува работењето и организацијата на Македонската банка за поддршка на развојот (во натамошниот текст: Банка).
Член 2
Основна задача на Банката е поддршка на развојот што ја извршува преку следниве сектори:
- финансирање на инвестиции на мали и средни претпријатија;
- поддршка на извозот и
- спроведување на заеми и донации од странство.
Член 3
Банката работи според одредбите на Законот за банки и штедилници доколку со овој закон поинаку не е уредено.
2. ОСНОВАЊЕ
Член 4 Банката се основа како акционерско друштво.
Покрај Република Македонија, основачи на Банката можат да бидат и Стопанската комора на Македонија, како и други домашни и странски правни лица.
Основачкиот капитал при основањето на Банката изнесува денарска противвредност на 30 милиони германски марки, сметано според средниот курс на Народната банка на Македонија на денот на уплатата.
Учеството на Република Македонија во основачкиот капитал не може да биде помало од 51%. Основачкиот капитал што го уплатува Република Македонија, при основањето на Банката, се обезбедува од средствата добиени од приватизацијата на „Македонските телекомуникации".
Вкупното учество на странските правни лица во основачкиот капитал, не може да биде поголемо од 30%. Член 5
Банката стекнува својство на правно лице со уписот во трговскиот регистар. Кон пријавата за упис во трговскиот регистар се поднесува:
- основачкиот акт;
- статут на Банката и
- доказ дека е уплатен основачкиот капитал од членот 4 став 3 на овој закон.
3. ПРЕДМЕТ НА РАБОТЕЊЕ
Член 6
Предмет на работењето на Банката е:
- кредитирање на отпочнување со работа и развој на мали и средни претпријатија со обезб e дување среднорочни и долгорочни кредити;
- финансирање на извозот со кредити одобрени за идентификувани приливи од извоз;
- издавање на гаранции за кредити одобрени за идентификувани приливи од извоз и
- осигурување и реосигурување на идентификувани приливи од извоз од комерцијални и некомерцијални ризици.
Работите од ставот 1 алинеи 1, 2 и 3 на овој член Банката ги врши преку комерцијални банки.
За вршење на работите од ставот 1 на овој член Банката може од свое име и за своја сметка, врз основа на одлука на Управниот одбор, да склучува кредитни работи со домашни и странски институции и да издава хартии од вредност во согласност со закон.
Банката нема да одобрува кредити или да издава гаранции на државата, на јавните претпријатија и на институциите што се финансираат од буџет.
Банката ќе ги извршува активностите предвидени во овој член единствено со претпријатија кои навремено ги намируваат своите пристигнати обврски кон банките.
Начинот на вршење на работите од ставовите 1, 2, 3 и 4 на овој член поблиску се уредува со статутот на Банката.
Член 7
При одобрувањето на проектите Банката ќе води сметка за обезбедување на заштитата на животната средина, согласно со законите на Република Македонија и долгорочните заложби за исполнување на директивите на Европската унија за заштита на животната средина и природата.
Банката при одобрувањето на кредитите и давањето на гаранции ќе ги има предвид меѓународните принципи за слободна трговија и конкуренција, како и правилата на Светската трговска организација.
Член 8
Банката може да ги врши сите работи од свое име и на своја сметка, доколку тие се во врска со исполнување н a работите наведени во членот 6 на овој закон.
Банката не може да прима парични депозити на физички и правни лица, освен депозити што служат како гаранција за осигурување и реосигурување од комерцијални и некомерцијални ризици.
Банката не може да врши платен промет во земјата, како и да тргува со хартии од вредност за други лица.
4. СРЕДСТВА
Член 9
Средства на Банката се:
- уплатениот основачки капитал;
- емисијата на хартиите од вредност, согласно со членот 6 став 3 од овој закон и
- други избори.
Банката е должна во статутот и другите општи акти да ги утврди условите и начинот на одржување и зголемување на реалната вредност на средствата од ставот 1 на овој член и со соодветни инструменти да обезбеди редовна наплата на своите побарувања.
Член 10
Банката работи самостојно според начелата на банкарското работење, а особено:
- ликвидност;
- сигурност и
- рентабилност.
Член 11
Гарантниот капитал на Банката ги опфаќа:
- основачкиот капитал;
- резервите и
- други извори со кои Банката неограничено ги покрива деловните ризици и загубите на Банката.
Во гарантниот капитал не влегуваат резервите за сигурност.
Член 12
За покривање на ризиците од вршењето на работите од членот 6 став 1 алинеја 3 на овој закон, Банката формира резерви на сигурност.
Висината на резервите од ставот 1 на овој член ја утврдува Владата на Република Македонија.
Член 13
Банката од нето добивката распределува дивиденда на акционерите.
При распределбата на дивидендата, Банката првенствено ќе води сметка за одржување и зголемување на резервите на Банката.
Дивидендата што и припаѓа на државата се пренесува во резервите на Банката.
Секој акционер дивидендата што му припаѓа може да ја трансформира во акционерски капитал.
Член 14
За голем кредит во смисла на овој закон и во согласност со Законот за банките и штедилниците се смета поединечен кредит одобрен на еден заемобарател, кој изнесува 10% од гарантниот капитал на Банката.
Вкупниот износ на сите кредити и другите побарувања и гаранции за поединечниот заемопримател не смее да изнесува повеќе од 30% од гарантниот сопствен капитал на Банката.
Вкупниот износ на големите кредити не смее да го надмине трикратниот износ на гарантниот сопствен капитал на Банката.
Член 15
За обврските на Банката за работите од членот 6 став 1 алинеи 1 и 2 и став 3 од истиот член, како и за настанатите обврски спрема доверителите или спрема трети лица, Банката гарантира со гарантниот капитал од членот 11 на овој закон.
Доколку гарантниот капитал и резервите на сигурност на Банката не се доволни таа да може да ги извршува работите според членот 6 став 1 алинеја 1 на овој закон, Република Македонија може во рамките на буџетските средства да ги презема обврските на Банката.
За преземените обврски од ставот 2 на овој член, министерот за финансии и Банката ќе склучат договор со кој поблиску ќе се регулира начинот на враќање на средствата.
6. ОРГАНИЗАЦИЈА НА БАНКАТА
Член 16
Работите од членот 6 став 1 на овој закон, Банката ги врши преку:
- организациона единица за поддршка на развојот на мали и средни претпријатија и
- организациона единица за поддршка на извозот. Внатрешната организација на Банката поблиску се уредува со статутот на Банката и други општи акти.
7. ОРГАНИ НА БАНКАТА
Член 17 Органи на Банката се: собрание на акционери, управен одбор, директор и други органи утврдени со статутот.
Претставниците на државниот капитал на Република Македонија како основач на Банката во Собранието на акционерите ги именува Владата на Република Македонија.
Член 18
Бројот, составот, надлежностите, правата, должностите и одговорностите на органите на Банката поблиску се уредуваат со Статутот на Банката.
Статутот на Банката и неговите измени и дополнувања ги донесува Собранието на акционерите во согласност со одредбите на Законот за банките и штедилниците.
8. Н А Д З O Р
Член 19
Народната банка на Република Македонија врши супервизорски надзор на Банката согласно со Законот за банките и штедилниците.
Член 20
За потребите на информирање на акционерите, Банката изготвува годишен извештај (најдоцна до 30 јуни во годината што календарски следи по деловната година) проверен и оценет од овластен економски проценител.
Член 21
Деловната година на Банката одговара на соодветната календарска година.
9. ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 22
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
|