Македонска Банка за Поддршка на Развојот
Вести
» Архива на вести
  Интересно за Вас ::
Практика во МБПР
  Q&A online ::
Online Прашања и одговори
  Банкарство ::
Што треба да знаете за банките и за кредитите
  Осигурување ::
Документи
Процедура за осигурување на побарувањата
Процедура за исплаќање на штета
Најчести прашања во врска со трговско кредитно осигурување
Земји на осигурување
  Линкови ::
Финансиски институции
 
Контакт со МБПР:
ул. "Вељко Влаховиќ",
бр. 26, Скопје
Тел.: 389/02/ 3 115 844
  3 109 981
Факс: 389/02/ 3 239 688
E-mail: info@mbdp.com.mk
 
 Инфо за МБПР
Сними го како Word документ
Сними го како pdf документ
Печати

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА БАНКИТЕ И ЗА КРЕДИТИТЕ
(НОВ БИЗНИС)

 Што ја интересира банката кога барате кредит за отпочнување на бизнис?

  • Историјатот – Бидејќи основате нов бизнис, Вие, со Бизнис планот, морате да ја убедите банката дека бизнисот ќе биде успешен.
  • Кредитибилитетот – Успехот ќе биде уште поголем ако уживате углед на добар домаќин, вреден човек и ако имате реноме на човек кој ги плаќа своите долгови.
  • Бизнис планот – Еден од најважните составни делови на кредитното барање е Бизнис планот, кој и овозможува на банката да го сфати Вашиот бизнис, Вашата визија, Вашите деловни идеи и стратегија и, потоа, да може да го следи неговото остварување.
  • Сопственото учество – Вложувањето на сопствени средства и заштеди претставува најдобар доказ дека Вие верувате во сопствените способности за управување со успешен бизнис. Добрите идеи, без сопствени средства, треба да најдат поддршка во бројните програми за микрокредитирање, кои најчесто ги реализираат невладини организации или се финансираат преку грантови.
  • Обезбедувањето – Бидејќи се работи за почетен бизнис, банката мора да има соодветно обезбедување на својот кредит. Тоа може да биде хипотека на Ваш станбен или деловен простор, или рачна залога на предмети, или гаранции од бонитетни фирми, други банки или финансиски институции, и други финансиски инструменти. Вашата подготвеност да понудите вакви инструменти за обезбедување претставува уште еден доказ дека Вие верувате во сопствените способности за управување со бизнисот, односно верувате во успешноста на инвестицијата.
  • Отплатата на кредитот - Треба да знаете дека основно правило е дека профитот не ги враќа кредитите, туку готовината. Профитот е пресметковна категорија, која укажува на ефикасноста во работењето и оплодувањето на капиталот, меѓутоа, банката ја интересира дали со Вашето работење ќе создадете доволно готовина за да можете да ги отплатувате кредитите според договорените услови и рокови. Затоа, многу е важно да изготвите биланси и позиции на паричните текови и да можете да ги објасните претпоставките врз основа на кои се изготвени.
  • Искуството – Покрај сето друго, од Вас се очекува да имате познавања, а уште подобро е ако имате и искуство од областа во која инвестирате и отпочнувате бизнис. Затоа, кон Вашето Кредитно барање, приложете и куса биографија и професионално резиме.

Финансирање на Вашиот бизнис
     Шансите за добивање на кредит ќе се зголемат ако знаете што сакате и зошто Ви треба кредитот, ако ја убедите банката дека ќе водите успешен бизнис и ќе бидете во состојба да го вратите кредитот. Целиот процес минува низ пет фази, во кои, преку Вашиот бизнис план, финансиски информации и проекции на паричните текови, јасно и недвосмислено ќе покажете дека Вашиот бизнис за банката ќе носи прифатливи ризици.

     Фаза 1: Пристап кон банката Горе

     Бидете подготвени, за да оставите поволен прв впечаток. Не поднесувајте кредитно барање уште при првата посета на банката. Развијте добри деловни односи со Вашата банка, пред од неа да побарате пари. Направете го тоа, дури и ако не планирате да позајмите пари во блиска иднина.

     Фаза 2: Определете ги Вашите потреби од кредитирање

     Видот на кредитот што ќе го побарате, зависи од тоа за која намена Ви се потребни средствата. Во врска со тоа, потребно е да си одговорите на следниве прашања:
     -  За што ќе ги искористам парите?
     -  Колку пари ми се потребни?
     -  На кој рок ми се потребни парите?
     -  Како ќе го отплатам кредитот?
     -  Дали имам на располагање други средства што можам да ги искористам за да го намалам износот на потребниот кредит?

     Фаза 3: Петте кредитни заповеди

     При неизбежното интервју со банката, ќе Ви бидат поставени многу прашања, при што Вашите одговори треба да се вклопат во следните пет заповеди за почетни бизниси:

    1. Карактерот – Кој сте Вие, каде живеете, колкаво работно искуство имате, колкаво искуство имате во бизнисот за кој барате кредит, кои се Вашите кредитни обврски во минатото и како сте ги исплатувале, дали имате заостанати долгови, каков е Вашиот углед во животната и работната средина. Одговорите го формираат впечатокот со кој банката ќе се здобие за Вашиот карактер, како човек и како претприемач.

    2. Капиталот – Дали Вашите сопствени средства и вложен капитал во бизнисот се доволни за да го поддржат барањето за кредит? Далиот Вашиот бизнис има позитивна нето вредност? Каква е Вашата лична имотна состојба?

    3. Капацитетот – Дали сте уверени дека ќе можете да го отплатувате кредитот и, ако сте, врз што се темели тоа уверување? За која намена ќе ги искористите кредитните средства и како ќе ги отплатите?

    4. Обезбедувањето и гаранциите – Што можете да понудите како обезбедување и алтернативен извор за отплата? Овие средства и Вашите лични гаранции ја покажуваат Вашата посветеност на бизнисот.

    5. Деловното опкружување – Кои фактори се вон од Ваша контрола, како на пример, економски и еколошки аспекти, би можеле да влијаат врз финансиската состојба на Вашиот бизнис? Тоа се ризиците за Вашиот бизнис.

     Фаза 4: Прибирање на документацијата Горе

     Во продолжение е дадена листа на документи и работи што треба да ги подготвите, односно што треба да ги направите, кога му пристапувате на Вашиот кредитор.

•  Биланс на состојбата,
•  Биланс на успехот,
•  Биланс на паричните текови.

     Другите работи се следниве:

    •  Отворете сметка во банката кај која ќе го побарате кредитот.
    •  Развијте добри деловни односи со Вашата банка и со нејзините стручни служби,
    •  Обезбедете регистрација на фирмата,
    •  Направете детален список на имотот и средствата со кои располагате, како и на предложеното обезбедување,
    •  Донесете копија од Вашиот бизнис план
    •  Обезбедете детален пресек за намената на кредитните средства,
    •  Организирајте го Вашето кредитно барање така што Вашата банка (односно Вашиот банкар) однапред да се здобие со сознание за тоа зошто Ви треба кредитот, колкави се Вашите сопствени вложувања и какви се Вашите можности да го отплатите кредитот.

     Фаза 5: Подготовка на кредитното барање

     Иако најголем дел од банките имаат сопствени формулари за кредитни барање, со инструкции во врска со потребната документација, Вашето кредитно барање, генерално, треба да содржи:

    •  Насловна страница, со податоци за името на фирмата, Вашето име, контакт адреса, датум, како и името на банката во која го поднесувате барањето,
    •  Бизнис план,
    •  Резиме на кредитното барање,
    •  Преглед на паричните текови и обезбедувањето,
    •  Референци,
    •  Извори на отплатата на кредитот,
    •  Друга документација според барањата на банката,
    •  Заклучок - бидете кратки и јасни. Потврдете ја Вашата верба во предлогот и изразете ја Вашата благодарност за посветеното време од страна на банката.

Горе
Сними го како Word документ
Сними го како pdf документ
Печати