Македонска Банка за Поддршка на Развојот
Вести
» Архива на вести
  Интересно за Вас ::
Практика во МБПР
  Q&A online ::
Online Прашања и одговори
  Банкарство ::
Што треба да знаете за банките и за кредитите
  Осигурување ::
Документи
Процедура за осигурување на побарувањата
Процедура за исплаќање на штета
Најчести прашања во врска со трговско кредитно осигурување
Земји на осигурување
  Линкови ::
Финансиски институции
 
Контакт со МБПР:
ул. "Вељко Влаховиќ",
бр. 26, Скопје
Тел.: 389/02/ 3 115 844
  3 109 981
Факс: 389/02/ 3 239 688
E-mail: info@mbdp.com.mk
 
 Вести
Печати

Земјоделски кредитен дисконтен фонд (ЗКДФ кредитна линија) - Согласно одлуката на Владата на Република Македонија, почнувајќи од 01.07.2010 Македонска банка за поддршка на развојот ад Скопје го презема администрирањето на ЗКДФ кредитната линија, што е регулирано со посебен Договор склучен помеѓу МБПР и Министерството за финансии.
ЗКДФ кредитната линија е наменета за кредитирање на примарни земјоделски производители и мали и средни претпријатија кои вршат преработка или извоз на земјоделски производи и претставува значаен инструмент на Владата на РМ во насока на  надминување на проблемите на агро-индустрискиот комплекс во обезбедувањето на финансиски средства за своите инвестиции.
Кредитирањето се врши преку вклучени деловни банки и штедилници .

16.07.2010 - Повлечена е четвртата транша од кредитната линија од ЕИБ и префрлена на деловните банки учеснички. Со средствата од оваа четврта транша во износ од 5,55 милиони ЕУР се поддржуваат 39 проекти со пресметковна вредност од 10,7 милиони ЕУР. Притоа, се очекува да се отворат нови 217 работни места.
Проектите се реализираат преку: Комерцијална банка ад Скопје, НЛБ Тутунска банка ад Скопје, Стопанска банка ад Битола, Стопанска банка ад Скопје, ИК банка ад Скопје, Охридска банка ад Охрид и Прокредит банка ад Скопје.
70% од кредитните средства се наменети за инвестициски кредити (со рок на отплата до 5 години) и 30% за кредити за трајни обртни средства (со рок на отплата до 3 години).
МБПР започна со подготовки за повлекување на петта транша од кредитната линија од ЕИБ.

16.04.2010 - Повлечена е третата транша од кредитната линија од ЕИБ и префрлена на деловните банки учеснички. Со средствата од оваа трета транша во износ од 11,4 милиони ЕУР се поддржуваат 47 проекти со пресметковна вредност од 35 милиони ЕУР. Притоа, се очекува да се отворат нови 351 работни места.
Проектите се реализираат преку: Комерцијална банка ад Скопје, НЛБ Тутунска банка ад Скопје, Стопанска банка ад Битола, Стопанска банка ад Скопје, ИК банка ад Скопје, Охридска банка ад Охрид, Прокредит банка ад Скопје и УНИ банка ад Скопје.
75% од кредитните средства се наменети за инвестициски кредити (со рок на отплата до 5 години) и 15% за кредити за трајни обртни средства (со рок на отплата до 3 години).
МБПР започна со подготовки за повлекување на четврта транша од кредитната линија од ЕИБ.

25.02.2010 - МБПР ги склучи првите полиси за осигурување на извозните побарувања од политички ризици со што преку имплементацијата на нови финансиски инструменти продолжува да ги поддржува македонските извозници во нивните напори за зголемување на извозот на стоки и услуги на странските пазари.

 

16.02.2010 - Повлечени се средствата од втората транша од кредитната линија од ЕИБ и истите се префрлени на деловните банки учеснички. Повлечени се средства во износ од 7,3 мил. ЕУР, со кои се поддржуваат 33 проекти со пресметковна вредност од 14,6 мил. ЕУР. Притоа се очекува да се отворат нови 462 работни места. Проектите се реализираат преку Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ИК банка АД Скопје , Охридска банка АД Охрид и Прокредит банка АД Скопје .
82 % од кредитните средства се за инвестициски кредити (со рок на отплата до 5 години) и 18 % за кредити за трајни обртни средства (со рок на отплата до 3 години).
МБПР прави подготовка за повлекување на т рета транша од кредитната линија од ЕИБ (досега се стигнати одобрувања за повлекување на околу 7 мил. ЕУР).

 

26.01.2010 - Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и Бугарската банка за развој (ББР) потпишаа договор за соработка во Софија, Бугарија. Од страна на МБПР д оговорот го потпишаа: г-динот Драган Мартиновски , главен извршен директор и г-динот Ќенан Идризи , главен оперативен директор и во името на ББР г-динот Димитар Димитров , претседател на Управен одбор и г-динот Сашо Чакалски , заменик-претседател на Управен одбор. Со потпишувањето на овој Договор, МБПР го продолжува процесот на воспоставување на соработка со сродни институции, со цел воспоставување на контакти и создавање на правна основа на идните заеднички деловни активности. Соработката опфаќа: размена на информации, соработка на заеднички проекти, размена на знаења и искуства од технички, комерцијални и финансиски аспекти.
Од посебно значење е да се истакне дека Бугарската банка за развој ќе и помогне на Македонската банка за поддршка на развојот во пренесување на сопствените искуства во користењето на погодностите од Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) посебно од програмата ЦИП (Програма за конкурентност и иновации).
Експертите од двете банки работат на изготвување на апликација за прифаќање на учество во програмите на овој фонд.

 

18.12.2009 - Повлечена е и префрлена на деловните банки учеснички првата транша од кредитната линија од ЕИБ.
Со средствата од оваа прва транша во износ од 12,4 мил. ЕУР се поддржуваат 35 проекти со пресметковна вредност од 35 мил. ЕУР. Притоа се очекува да се отворат нови 313 работни места . Проектите се реализираат преку Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола и ИК банка АД Скопје.
69% од кредитните средства се за инвестициски кредити (со рок на отплата до 5 години) и 31% за кредити за трајни обртни средства (со рок на отплата до 3 години).
МБПР прави подготовка за повлекување на втората транша од кредитната линија од ЕИБ (досега се стигнати одобрувања за повлекување на 7 мил. ЕУР).

19.10.2009 - "МБПР ја одобри првата Полиса за осигурување на побарувањата на домашен пазар од краткорочни комерцијални ризици.
Со тоа, МБПР започна да го спроведува новиот производ: осигурување на домашни побарувања со цел да им се помогне на домашните компании, во овој период на нарушена ликвидност и зголемени проблеми при наплата на сопствените побарувања.
За подетални информации околу овој производ можете да не контактирате или да дојдете во просториите на нашата банка."

28.09.2009 - "Во текот на месец септември 2009 година, а со цел што подобра промоција и имплементација на новата кредитна линија од ЕИБ, МБПР направи презентации пред членовите на Стопанска комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, Комората на северо-западна Македонија, Комората на работодавачи, бизнисмените од Пелагонискиот регион..."

07.08.2009 - Информации околу ЕИБ кредитна линија

25.06.2009 - Во просториите на Министерството за финансии, потпишан е договорот помеѓу Европската инвестициона банка и МБПР за реализација на нова кредитна линија во вкупен износ од 100 милиони евра.
Најмалку 70% од средствата се наменети за поддршка на малите и средни претпријатија во РМ. Средствата ќе се влечат најмногу во 25 транши во минимални износи од 3 милиони евра и истите ќе се пласираат преку комерцијалните банки.
Во скоро време, МБПР очекува потврда од страна на ЕИБ за верификација на потенцијалните банки учеснички, по што следува потпишување на договори со истите, како и отпочнување на реализација на првите проекти.“

27.05.2009 - На седницата одржана на 26.05.2009, Бордот на директори на Европската инвестициона банка - ЕИБ, одобри склучување на договор за кредит во износ од 100 милиони евра. Средствата од кредитот се наменети за финансирање на мали и средни претпријатија односно финансирање на проекти за употреба на технологии на знаењето за производство на економски бенефит, енергетска ефикасност, заштита на човековата околина.

03.12.2008 „На МБПР й е издадено Решение од Народна банка на Република Македонија за претходна согласност на Политиката за сигурност на информативниот систем. Со тоа МБПР ги задоволува барањата на НБРМ во врска со Сигурноста на информативниот систем.“

15.10.2008 „Објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска банка за поддршка на развојот ад Скопје во Службен весник на РМ бр. 130/08“

>>Архива на вести
Горе
Печати