Македонска Банка за Поддршка на Развојот
Вести
» Архива на вести
  Интересно за Вас ::
Практика во МБПР
  Q&A online ::
Online Прашања и одговори
  Банкарство ::
Што треба да знаете за банките и за кредитите
  Осигурување ::
Документи
Процедура за осигурување на побарувањата
Процедура за исплаќање на штета
Најчести прашања во врска со трговско кредитно осигурување
Земји на осигурување
  Линкови ::
Финансиски институции
 
Контакт со МБПР:
ул. "Вељко Влаховиќ",
бр. 26, Скопје
Тел.: 389/02/ 3 115 844
  3 109 981
Факс: 389/02/ 3 239 688
E-mail: info@mbdp.com.mk
 
 Архива на вести
Печати

23.04.2008. Во просториите на Македонска банка за поддршка на развојот а.д. Скопје се одржа семинар за Проектот за одржлива енергија финансиран од Светска банка (IBRD). На семинарот учествуваа претставници од Министерството за економија, Министерството за финансии , Агенцијата за енергетика и претставници на 6 деловни банки преку кои ќе се реализира проектот до крајните корисници на средствата. Семинарот го водеа предавачи од Светска банка, Агенцијата за енергетика и МБПР. Притоа беа презентирани поволностите на кредитната линија и проектното финансирање, како и начинот на реализација на истата.

                      

31.07.2007. МБПР доби официјално известување од Меѓународната банка за обнова и развој (International Bank for Reconstruction and Development) за ефективност на Проектот за одржлива енергија.
МБПР е во постапка за префлање на средствата во вкупен износ од 3.700.000 УСД. За реализација на овој проект, МБПР ќе учествува и со свои средства во износ од 2.500.000 УСД.
МБПР веќе склучи рамковни договори со ТТК банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Извозно и кредитна банка АД Скопје за учество во овој проект при што интенција е бројот на банки-учеснички во иднина да се зголеми.

Јули 2007. Во текот на месец јули 2007 година отпочна реализацијата на третата фаза од кредитната линија за микро и мали претпријатија од Германската KFW банка. Износот на кредитната линија е 7,6 милиони евра. Реализацијата се одвива преку Извозна и кредитна банка АД Скопје, Прокредитбанка АД Скопје, Инвестбанка АД Скопје и Тутунска банка АД Скопје.

16.05.2007. Управниот одбор на МБПР ги разреши од функција досегашните директори Војислав Бислимовски и Сабина Факиќ и именува нови директори: Драган Мартиновски и Ќенан Идризи.

15.02.2007. На ден 15 февруари 2007 година потпишан е договорот меѓу МБПР и Германската KfW за користење на трета кредитна линија за микро кредити за микро и МСТД од РМ. Износот на кредитната линија е 7,6 милиони евра, а ќе се користи преку ТУТУНСКА БАНКА Скопје, ИКБАНКА Скопје, ИНВЕСТБАНКА Скопје и ПРОКРЕДИТ БАНКА Скопје. Крајни корисници на оваа кредитна линија се трговските друштва со помалку од 100 вработени лица (може и индивидуални претрприемачи), со претежно производна дејност, вклучително и земјоделски преработки, како и трговски и услужен сектор. Максимум поединечен кредит е 50.000 евра, со рок на отплата до 4 години, со можен грејс период од 1 година. Каматните стапки ги определуваат деловните банки прекуи кои се пласираат кредитите.

Ноември, 2006. ПРОЕКТ ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА. Меѓународната банка за обнова и развој (International Bank for Reconstruction and Development) иницира реализација на проект во Р. Македонија под назив „Проект за одржлива енергија” во вкупен износ од 3.700.000 УСД (1.200.000 американски долари – гаранции и 2.500.000 американски долари - кредити).
   Операционализацијата на проектот преку МБПР се очекува да започне од Март 2007.
   Согласно Одлуката на У.О., МБПР ќе учествува во кофинансирањето на проектот со свои средства, во износ од 2,5 мил.УСА долари.

Октомври 2006. Со Решение (Службен весник на РМ бр. 103 од 02.10.2006), Владата на РМ ги именува новите претставници на државниот капитал во Собранието на МБПР, и тоа: Михаил Петковски, Владе Цветановски, Фатон Шабани, Јасминка Васкова – Ташкова, Оливер Костуранов.

Август. 2006. Управниот одбор на МБПР донесе одлука со која МБПР се овластува да склучи договор за преземање на администрирањето со средствата од револвинг фондот на обврските кон Европската Инвестициона банка.

МБПР организира Регионална конференција на банки и Извозно кредитни организации, хотел Дрим Струга, на 15-16 јуни 2006 година.
     Мисијата на Македонска банка за поддршка на развојот е да го поддржи развојот на македонските компании преку обезбедување на финансиски извори и промоција на македонскиот извоз. Со цел да овозможи подобра услуга, во 2001 година, МБПР го воведе трговското кредитно осигурување и со тоа ја превзема улогата на национална извозно кредитна агенција ( ЕКА ).
     Во време на остра конкуренција помеѓу националните економии, ЕКА играат важна улога бидејки со своите активности и услуги при до несуваат за подобар и поконкурентен настап на своите извозници на странските пазари. Во таа насока, МБПР стана член на Прашкиот клуб во 2001 година и потпиша повеќе договори за соработка со слични институции во регионот и пошироко. Со цел да се развие и унапреди соработката, МБПР ја организира Првата Регионална Конференција на Извозно кредитните агенции.
     Основните цели на оваа конференција е да ги п отикне регионалните ЕКА да разговараат за можностите и предизвиците за подобрување на регионалната трговска размена и соработка и за нејзиниот ефект врз националните економии.
     Следејки ја позитивната стратегија на Европската Комисија за проширување и развој на унијата кон трансформирање на регионот преку Европската перспектива, на конференцијата ке се разгледуваат две клучни теми:

    - Регионалната соработка – најдобар начин за адаптација на регионот кон Европската иднина и
    - Улогата на Ексим банките и ЕКА во подобрувањето на регионалната соработка

     Цениме дека оваа конференција е од интерес за регионалните Извозно кредитни агенции и развојни банки бидејќи претставува форум за соработка кој ќе влијае кон подобрување на Македонската економија и ќе придонесе кон поголема економска и политичка интеграција во регионот.
     Конференцијата ќе се одржи во Струга, во хотел Дрим, на 15-16 Јуни 2006 година со одржување на панел презентации кои предвидуаат отворени дискусии и активно вклучување на учесниците на конференцијата.

15.02.2006 година. Управниот одбор на МБПР го усвои правилникот за работењето на Гарантниот фонд во рамките на МБПР. Со тоа Гарантниот фонд станува оперативен.
(Поопширно во >> Практика на МБПР).

18.07.2005 година. Сите посетители на веб-сајтот на МБПР ги информираме дека банката се пресели во нови простории на плоштад Слобода, во зградата на градежното претпријатие Илинден (први и втори спрат). Новата адреса на МБПР е ул.Вељко Влаховиќ, бр. 26, Скопје.

Од 01.01.2005 година МБПР осигурувањето го врши на нов начин, под ново име на финансискиот производ - трговско кредитно осигурување.

    Трговските друштва кои преку трговски договор продаваат на отворено на странски купувачи изложени се на потенцијална финансиска штета. Ваквата финансиска штета може да произлезе од комерцијални и/или некомерцијални ризици ако купувачот на стоката или услугите, не плати на доспеаниот датум за стоката и/или услугите кои се предмет на трговскиот договор.

    За да им помогне на извозниците вклучени во вакви активности, трговско кредитното осигурување е инструмент кој дава заштита на трговските друштва за висок процент од износот на неплатената фактура по неплаќањето на стоката која е испорачана и фактурирана за време на кредитно осигурителниот период.

    Со овој производ МБПР покрива 90% од осигурениот извоз.

    За новиот производ информации и документација ви се достапни во делот на осигурувањето на нашата web страница.

08.12.2005 година. Потпишан е записник меѓу МБПР и KfW , Франкфурт, за продолжување на реализацијата на проектот за зголемување на микро-кредитната линија за нови 7.669.000 евра. Крајни корисници на овие средства се приватни трговски друштва кои не вработуваат повеќе од 100 лица и индивидуални претприемачи, максималниот износ на индивидуален кредит е до 50.000 евра, рокот на отплата е до 4 години, а каматната стапка ја утврдуваат деловните банки и др. финансиски иснтитуции.

25.11.2005 година. Потпишан е договор меѓу МБПР и Развојната банка при Советот на Европа, Париз за користење на кредитна линија од 10 милиони евра. Кредитната линија ќе биде со намена за намалување на невработеноста во РМ, максималниот износ на индивидуалниот кредит ќе биде до 400.000 евра, со рок на отплата до 10 години и каматна стапка еурибор + максимум 0.30%.

На седницата на Управниот одбор на МБПР, од 27.10.2005 година донесена е одлука со која се промовира нова Кредитна програма за кредитирање на МСТД со кредити за трајни обртни средства.

     “МБПР од сопствени средства, во вкупен износ од 2 милиони евра, ќе одобрува поединечни кредити од 30.000 до 300.000 евра, со намена за трајни обртни средства. Кредитите ќе се одобруваат во девизи или во денари со девизна клаузула, со рок на отплата до 3 години, сметано од денот на првото повлекување, со тримесечни отплати на главницата, и со камата од 8%. Како крајни корисници можат да се јават трговски друштва со над 51% сопственост.“

>>Вести
Горе
Печати