Вести

Дневник/вести, 29.11.2011



Конференција за поддршка на извозот на Македонија

Министерот за економија Ваљон Сараќини со порака  до менаџерите на водечките македонски извозници: Дејствувајте похрабро не само на регионалниот пазар, туку и во оние земји со кои што имаме преференцијални договори. Освојувајте ги пазарите на земјите со поголем економски раст: Кнна, Индија, Кореја.
Традиционалната седма годишна Конференција за унапредување на извозот на едно место ги собра: приватниот капитал, Владата и нејзините институции, странските донаторски проекти. Министерот и стопанските комори се пофалија со добрата комуникација. Најголем дел од предложените мерки биле прифатени. Преклани 24, од предложените 30, а лани сите 17.
Целокупниот македонски извоз го реализират само 5% од вкупниот број домашни компании.
Влезот на Џонсон контролс и Џонсон Мети од корен ја менува нашата извозна структура и драстично ја зголемува неговата вредност, смета вицепремиерот за економски прашања  Владимир Пешевски.
Бизнис заедниците излегоа со нови предлози.
“Економските промотори да бидат поактивни, да се формира Национално тело за настап на саемски манифестации, дел од ингеренциите од државните органи да преземат Стопанските комори. Состојбата со глобалната рецесија е далеку послабо изразена во однос на 2009-та, но доколку кризата во еврозоната прогресира коморите ќе бараат помош од државата за најзагрозените гранки, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.
Извозниот факторинг–откупувањето на побарувањата, осигурувањето на извозните кредити, ваучерски систем за плаќање консултантски услуги за истражување на странски пазари се дел од новите мерки на Владата за помош на извозниците што во најголем дел би оделе преку Македонската банка за поддршка на развојот.

(Свето Николовски)