Исплатена втората транша од кредитната линија за инвестиции и развој на компаниите
Денес, 11.04.2025, Развојната банка ја исплати втората транша во износ од 74 милиони евра, кон комерцијалните банки за проекти на 248 компании, од кредитната линија за инвестиции и развој.
Од износот на оваа транша, најголем дел, односно 62%, се наменети за мали претпријатија за реализација на 153 одобрени проекти. По однос на структурата на дејности, 96 проекти се од областа на производството, 27 проекти за градежништво, 61 проект за трговија, 38 проекти за поддршка на транспортот, 9 за хотели и угостителство, 12 за услуги и 5 проекти за останати дејности на компаниите.
Македонските компании од оваа транша ќе инвестираат во опрема 28 милиони евра, за градежи инвестициите се во износ од 36 милиони евра, за обновливи извори на енергија 7 милиони евра и транспортни средства во износ од 3 милиони евра. Развојната банка останува интензивно да работи како и до сега за реализација на останатите транши од кредитната линија наменета за инвестиции и развој на домашните компании.
- кредити за поддршка на женско претприемништво
- кредити за зелени инвестиции
- кредити за дигитализација
- до 3,5% годишна каматна стапка
- преку банки учеснички

Развојна банка на Северна Македонија е развојна банка која е во 100%-на сопственост на Република Северна Македонија. Основана е во 1998 година со примарна цел поддршка на домашните микро, мали, средни и извозно ориентирани трговски друштва и зацврстување на конкурентноста на македонското стопанство. Банката ги поддржува домашните компании преку: директно кредитирање и кредитирање преку комерцијалните банки, краткорочно осигурување на извозот на македонски производи и услуги од комерцијални и политички ризици, факторинг во земјата и во странство и издавање гаранции.