Развојна банка на Северна Македонија има развиено кооперативна одговорност, што значи дека има воспоставено баланс помеѓу вршењето на деловните активности и одговорноста кон општеството и животната средина. Ова РБСМ го постигнува преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува кон одржлив развој, и ги зема предвид очекувањата на сите засегнати страни. При осигурување на одредена трансакција, РБСМ верува дека истата е во согласност со Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Северна Македонија усвоена од Владата на РСМ; при изработка на програмите за финансирање и посебните услови за кредитирање, РБСМ води сметка за рамномерен и одржлив општествен развој, како и за животната средина.
Обврската кон општеството е еден од највисоките приоритети во системот на вредности на РБСМ, и претставува составен дел од нејзината деловна политика.
РБСМ ја гради и одржува сопствената репутација на развојна и извозна банка која покрај поттикнувањето на економскиот развој, спроведувањето на директивите на Владата на РСМ, почитувањето на законите, прописите и професионалните стандарди, се грижи за поттикнување и поддршка на позитивните општествени вредности, културата, меѓусебното почитување и толеранција, деловна етика и хуманост.
„Ние имаме јасна визија за сопствената улога и влијанието кое како финансиска институција го имаме врз нашите корисници, партнери и пошироката заедница, како и очекувањата кои од РБСМ ги имаат нашите вработени. Свесни сме дека оваа наша определба и одговорно работење се клуч за нашиот понатамошен развој.“