Развојна банка на редовниот годишен состанок на Бернска Унија, Прашки клуб

20.05.2026

Развојна банка учествуваше на редовниот годишен состанок на Бернска Унија - Прашки Клуб, на кој присуствуваа 90 организации со над 200 делегати од глобалната индустрија за финансирање на извозот.

Како и секоја година, на почетокот се дискутираа бизнис трендовите во минатата година, потоа членките споделија информации во однос на развојот на своите последни бизнис активности со фокус на стратешките приоритети. Се дискутираше на теми како: управување со ризик од концентрација и диверзификација на портфолиото, оцена на политички и комерцијални ризици на постоечките пазари, методологија, цел и развој на оцената на ризикот на земји според OECD (Организацијата за економска соработка и развој), размена на искуства со примери за економскиот раст и екосистем, поддршка на извозните компании од домашните институции, итн.
 


Бернската Унија е меѓународна унија на кредитни и инвестициски осигурители во која членуваат над 90 државни извозно-кредитни организации глобално. Во 2025 година членките на Бернската Унија ја поддржале прекугранична трговија во износ од 3,7 трилиони УСД.

 


Прашкиот Клуб, како составен дел на Бернската Унија, е меѓународна мрежа од над 35 кредитни агенции кои според големината, обемот на поддршката што го даваат во светската трговија е помал во споредба со поддршката што ја обезбедуваат членките на Бернска Унија. Основната цел на ова здружение е обезбедување поддршка на своите членки во развојот на краткорочно и долгорочно извозно кредитно осигурување и финансирање.