Воспоставувањето на Фондот за енергетска ефикасност е во завршна фаза
Во рамките на Мисијата на Светската банка за поддршка на имплементацијата на Проектот за енергетска ефикасност во јавнот сектор (ПСЕЕП), беше остварена конструктивна средба со претставници на Светската банка и проектната единица. На средбата, Главниот извршен директор на Развојната банка, д-р Ефимија Димовска ги повтори заложбите на Банката, Фондот за енергетска ефикасност како организациска единица во Банката да прерасне во еден од најзначајните механизми за финансирање на инвестиции во енергетската ефикасност во државата.

Соговорниците ги поздравија напорите на РБСМ за отпочнување со операционализација на Фондот, што е во завршна фаза. Со воспоставување на Фондот за енергетска ефикасност, Македонија добива современ финансиски инструмент кој ќе обезбеди континуирана поддршка за инвестиции во почиста, поефикасна и поконкурентна економија.
