Развојната банка се приклучи на Националната коалиција за Кодекс за финансирање на жените претприемачи (WE Finance Code)

08.10.2026

    • Развојната банка се приклучи и стана член на Националната коалиција за Кодекс за финансирање на жените претприемачи (WE Finance Code) предводена од Народната банка. Оваа значајна глобална иницијатива, има јасна и благородна цел систематски да го намали родовиот јаз во пристапот до капитал и да ги отстрани бариерите за бизнисите водени од жени.
    • Развојната банка во рамките на оваа коалиција ќе работи на зајакнување на лидерството на институционално, национално и глобално ниво, подобрување на квалитетот на податоците за финансирање на претпријатијата предводени од жени и преземање на мерки во насока на затворањето на финансиските празнини за жените претприемачи.
    • Инвестирањето во женското претприемништво не е само прашање на родова еднаквост, туку е мотор што ја покренува иновативноста, отвора нови работни места и го забрзува одржливиот економски развој.