Средба на Управниот одбор на Развојната банка со заменик претседателот на Европската инвестициска банка

13.10.2026

Управниот одбор на Развојната банка, д-р Ефимија Димовска и Бесим Небиу остварија средба со заменик претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Robert de Groot.
 


На средбата беше потврдена досегашната долгогодишна и успешна соработка, преку која заеднички се реализираа бројни проекти за поддршка на малите и средни претпријатија и развој на домашната економијата.

Во фокусот на разговорите беа идните заеднички чекори, со посебен акцент на проширување на поддршката за македонските бизниси преку нови поволни кредитни линии за финансирање на зелената транзиција, дигиталната трансформација, поддршка на женското претприемништво, како и можноста за обезбедување на техничка помош од страна на ЕИБ за полесно идентификување, развивање и имплементација на квалитетни проекти.
 


Со Европската инвестициска банка, како еден од најзначајните стратешки партнери на РБСМ, остануваме цврсто посветени на континуитетот во поддршката на малите и средни претпријатија, кои се главен столб за долгорочен раст и напредок на домашната економија.