Главниот извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, д-р Ефимија Димовска, оствари средба со деканот на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Мијалче Санта.
На средбата беа разгледани актуелните состојби и предизвици во банкарскиот сектор и високообразовните институции, при што беа дефинирани потенцијални области за меѓусебна соработка.
.jpg)
Во таа насока, двете институции потпишаа Меморандум за деловно-техничка соработка со кој се отвораат можности за реализирање на практична настава за студентите од Факултетот, организирање работилници и конференции од заемен интерес, реализација на заеднички проекти, ангажирање експерти од праксата како предавачи од редовите на Банката, како и развој на други форми на заедничко делување.