Учество на РБСМ на Првиот координативен состанок на фондовите за енергетска ефикасност во Виена

26.10.2026

Директорот на Фондот за енергетска ефикасност при Развојна банка на Северна Македонија, д-р Горан Ковачев, во Виена учествуваше на Првиот координативен состанок на фондовите за енергетска ефикасност и соодветните програми за финансирање, организиран од страна на Енергетската заедница.
 
     
 
Состанокот претставуваше вредна можност за размена на мислења со клучните чинители, дискусија за заедничките приоритети и придонес кон тековниот дијалог за политиките за финансирање на енергетската ефикасност, регионалната интеграција и развојот на поодржлив, побезбеден и поотпорен енергетски сектор.

На состанокот беше ставен акцент на напредокот што РБСМ го постигна во операционализацијата на Фондот за енергетска ефикасност, како и напорите за воспоставување цврсти политики за енергетска транзиција.

     
 
Континуираната соработка и координација помеѓу фондовите за енергетска ефикасност од земјите во соседството на ЕУ остануваат од суштинско значење за унапредување на енергетските реформи и постигнување на нашите заеднички цели.
 
Учеството на Развојната банка на состанокот беше поддржано од Светската банка и GIZ Северна Македонија.