Државниот завод за ревизија со позитивен заклучок за активностите на Развојната банка во однос на правната рамка и управувањето со средствата од Кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва
Со изразен позитивен заклучок за усогласеност, ревизијата потврдува дека распределбата на средствата од Договорот за задолжување од Буџет на Република Северна Македонија се во согласност со утврдената правна рамка, при што најголем дел, односно 6,2 милијарди денари, се насочени во дејноста производство, по што следат трговијата, транспортот и градежништвото. Според намената на инвестициите, доминантен дел од средствата субјектите ги повлекоа за вложувања во градежни објекти и опрема, со што се обезбедува долгорочна развојна компонента. Соопштениe за медиуми