Потпишан Меморандум за разбирање и соработка со ИМЕ - Програма за зголемување на пазарната вработливост

11.02.2022


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, претставувана од главниот извршен директор г-дин Кире Наумов и Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка , претставувана од директорот на програмата г-дин Горан Дамовски, потпишаа Меморандум за разбирање и соработка. 

Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, спроведена од страна наамериканската групација Паладиум, дава поддршка за имплементација на дефинирани заеднички активности, за спроведување и реализација на Анализа на потребите за финансирање на дигитализација кај мали и средни компании во Република Северна Македонија. Целта на анализата е, да се испита потенцијалот и потребите на компаниите за финансирање на процесите и активностите за дигитална трансформација. Развојна банка, анализата ќе ја користи во преговори за потенцијални инвеститори на банката за кредитен аранжман на средства, кои понатаму преку комерцијалните банки или директно, ќе бидат пласирани кон домашни мали и средни компании.