Средба на претставници од ЕИБ, деловни банки и РБСМ
Во просториите на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ), се одржа работна средба меѓу претставниците на Европската инвестициска банка, деловните банки-учеснички во реализацијата на кредитните програми од ЕИБ, како и претставниците на РБСМ.
На средбата, најпрво се истакна задоволството од досегашната успешна соработка, особено при реализацијата на ЕИБ кредитната линија, преку која досега се поддржани 2.319 проекти во износ од 527,2 милиони евра. Во однос на оваа кредитна линија, се потврди желбата за продолжување на соработката преку обезбедување на новa, седма ЕИБ кредитна линија во износ од 100 милиони евра за финансирање на мали и средни претпријатија, MID-CAP проекти, приоритетни проекти и проекти за зелена транзиција.
Од страна на претставниците на ЕИБ, исто така, се презентираа и новите можности за соработка, преку учество во реализација на посебно креирани кредитни линии и инструменти за поделба на ризикот, за поддршка на малите и средни компании, поддршка на ранливите категории на бизниси, поддршка на проекти поврзани со климатските промени и сл.