Оглас број 1/2023 за продажба на недвижен имот по пат на усно јавно наддавање

26.01.2023

 
1. Предмет на продажба:

Недвижен имот запишан во Имотен лист бр. 1062 за КО Петровец-вонград КП 176/3 во вкупна површина од 872 мкв опишана како:

  • КП 176, дел 3 место викано Биоларци, бр.на зграда 1, намена згради во останато стопанство, влез 1 кат 01, број 1 во површина од 190 мкв,
  • КП 176, дел 3 место викано Биоларци, бр.на зграда 1, намена лоѓии, балкони и тераси, влез 1, кат 01, број 2 во површина од 19 мкв,
  • КО Петровец Вонград КП 176, дел 3 место викано Биоларци, бр.на зграда 1, намена стан во семејна зграда, влез 1, кат 01, број 2 во површина од 129 мкв,
  • КО Петровец Вонград КП 176, дел 3 место викано Биоларци, бр.на зграда 1, намена згради во останото стопанство, влез 1, кат мз, број 1 во површина од 82 мкв
  • КО Петровец Вонград КП 176, дел 3 место викано Биоларци, бр.на зграда 1, намена згради во останото стопанство, влез 1, кат ПР, број 1 во површина од 441 мкв
  • КО Петровец Вонград КП 176, дел 3 место викано Биоларци, бр.на зграда 1, намена згради во останото стопанство, влез 1, кат ПР, број 2 во површина од 11 мкв

Недвижниот имот се продава како целина, не е оптоварен со хипотеки и службености, истиот е  испразнет и е во владение на Банката.
 

2. Почетна цена:

Недвижниот имот се продава со почетна цена од 11.095.276,00 денари.

 

3. Право на учество на усното јавно наддавање:

Право на учество на усното јавно наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на територијата на Република Северна Македонија согласно со Закон, и кои ги исполнуваат условите согласно овој оглас за продажба.

 

4. Рок и начин на поднесување на пријавата за учество на усно јавно наддавање:

Рокот за поднесување на пријавата е 15 календарски денови, сметано од следниот ден од денот на објавата на огласот за продажба на недвижниот имот.

Пријавата за учество на огласот број 1/2023 за продажба на недвижниот имот може да се подигне од архивата на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје или од веб-страницата на РБСМ, www.mbdp.com.mk

Пријавата заедно со пропратната документација за исполнувањето на условите за учество на усното јавно наддавање треба да се достават најдоцна 15 календарски денови сметано од следниот ден од денот на објавувањето на огласот.

 
5. Услови за учество на усното јавно наддавање:

Доказ за платена гаранција за учество на јавното наддавање.

 
6. Гаранција за учество на јавното наддавање:

Гаранцијата за учество на јавното наддавање изнесува 10% од почетната цена на недвижниот имот.

Гаранцијата за учество на усното јавно наддавање се плаќа на сметка 100000000035062, депонент Народна банка на Република Северна Македонија, со назнака „гаранција за учество на усно јавно наддавање“ (задолжително се наведува бројот на огласот)

На подносителите на ненавремените, непотполните и неисправните пријави и на понудувачите коишто не се избрани на јавното наддавање им се враќа гаранцијата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на усното јавно наддавање, освен на понудувачот кој понудил највисока цена на кого износот на гаранцијата му се пресметува во вкупната продажна цена.

Рок  на уплата на гаранцијата за учество на јавното наддавање е најдоцна 3 дена пред денот на одржување на усното јавно наддавање.

 

7. Време на започнување и одржување на усното јавното наддавање:

Усното јавно наддавање ќе се одржи на 14.02.2023 година во просториите на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, на ул. „Димитрие Чуповски“ бр.26, 1000 Скопје со почеток во 11:00 часот.

 
8. Усно јавно наддавање:

Усното јавно наддавање започнува со објавување на почетната продажна цена на недвижниот имот.

Секој понудувач пред уснотo јавно наддавање треба да поднесе доказ за уплатена гаранција за усно јавно наддавање, документ за лична идентификација, уверение за деловна способност за физички лица и заверени полномошна за претставници на правни лица.

Наддавањето се врши „чекорно“ со зголемување на вредноста со секој чекор за 1% од почетната цена на недвижниот имот.

Учесникот на наддавањето кој понудил највисока цена се стекнува со статус најповолен понудувач.

 

9. Обврска на најповолниот понудувач за уплата на средствата:

Најповолниот понудувач е должен да ги уплати средствата во рок од 30 дена од денот на одржаното усно јавно наддавање

Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во определениот рок, ќе се смета дека недвижниот имот не е продаден и гаранцијата за учество на јавното наддавање нема да му биде вратена на најповолниот понудувач.

Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за купопродажба на недвижнен имот.

Трошоците за преносот на сопственоста, нотарската процедура, впишување на недвижниот имот во Агенцијата за катастар за недвижности и евентуални други трошоци паѓаат на товар на најповолниот понудувач.