Годишна конференција „Година на нови можности“

31.01.2023

Развојна банка на Северна Македонија претставувана од главниот извршен директор Кире Наумов, учествуваше на годишната конференција „Година на нови можности“ во организација на Владата на Република Северна Македонија.
 

Директорот Наумов во своето обраќање на тематскиот панел „Инвестиции и економски раст во услови на кризи“ истакна дека во последните три години Банката пласираше речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти, а само во 2022 година пласирани се средства во износ од 107 милиони евра. 

 


„Мојата работа заедно со оперативниот директор Фарук Исмаили во Развојната банка, од крајот на 2019 година па до сега
е во знакот на справување со последици од глобалните кризи. Првиот предизвик беше Ковид пандемијата, со што Банката преку поддршка на Владата реализираше четири бескаматни ковид кредитни линии за поддршка на 4.134 компании, во износ од 45 милиони евра. Кредитните линии се реализираа со директно кредитирање преку РБСМ, што значеше предизвик и за нас како менаџмент во Банката, а и за вработените да се работи во вонредни услови.
Секако ова помогна во одржување на ликвидноста на компаниите и зачувување на работни места.“

 
 
Енергетската криза која се надоврза на Ковид-кризата, ја наметна потребата Банката во континуитет да ги прилагодува своите производи, односно да креира кредитни линии кои како сет на мерки беа поддржани од  Владата. Се воведоа три кредитни линии (две бескаматни и една со поволна камата) во износ од 25 милиони евра за поддршка на компаниите за справување со истата. 
 

Секако, тука се и новите производи кои Банкатaги воведе во овој период како Гарантниот фонд, Царинските гаранции и производот Субвенционирање на камата по кредити дадени од деловни банки за компании кои ја реинвестирале добивката.
 

Во континуитет, ценовната криза наметна потреба од ново прилагодување, и во тој контекст особено е значајно олеснувањето на критериумите на кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи, како и новата кредитна линија за поддршка на компаниите во услови на енергетска и ценовна криза.
 

Државата секогаш е тука со поддршка, преку обезбедување на државна гаранција за кредитни линии од странски извори на финансирања. Во периодот од 2020 година до сега, повлечени се 150 милиони евра од ЕИБ кредитната линија со поволна камата до 1,6% до крајните корисници, а во финална фаза е и новата ЕИБ7 кредитна линија во износ од 100 милиони евра, која е во знакот на зелена економија.  
 

Во 2022 година, Владата на РСМ ја докапитализираше Банката во износ од 10 милиони евра од Буџетот на државата, со што, вкупниот капитал и резерви на банката изнесуваат 57.5 милиони евра. Средствата за докапитализација на банката се ставени на располагање на домашните компании преку поволни кредитни производи насочени кон справување со енергетската и ценовната криза, односно за кредитни линии за енергетска ефикасност, инвестиции во обновливи извори на енергија и кредитна линија за дигитализација,којашто ќе биде новитет во Каталогот на производи на Банката.

 


Фатмир Битиќи: „Не само што ја докапитализиравме Развојната банка, туку тие успешно и умешно креираа механизми 
заедно со Владата
во кој ги пилотираа и беа пионери во финансискиот пазар во нашата земја. Во секоја развиена земја токму Развојната банка ја има таа улога
и сум горд дека и во период на криза тоа го направивме, и сметам дека имаме партнер кој го немавме пред пет години“