РБСМ дел од инфосесиите „Со дигитална трансформација до иновација“

15.02.2023

Како банка чија основна цел е да го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата, Развојна банка на Северна Македонија изминатиов месец беше дел од инфосесиите за предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација“ организирани од страна на Фондот за иновации и технолошки развој и Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

 

 

Во рамки на инфосесиите одржани во Стопанската комора на северозападна Македонија, Финтек Хаб Битола, SEEU Tech Park Тетово и завршната online инфосесија, претставници на РБСМ ги информираа присутните за наодите и препораките од Анализата на потребите за финансирање на дигитализација кај малите и средни компании во РСМ, изработена за потребите на банката и согласно Стратегијата за СМАРТ специјализација на Владата на РСМ.

 

 

Имајќи предвид дека анализата покажа потреба од постоење на специјализирана кредитна линија за финансиска поддршка на процесите на дигитализација кај компаниите, Развојна банка работи на воведување на кредитна линија за дигитализација наменета за микро, малите и средни претпријатија поповолни услови, за која навремено ќе биде известена јавноста.