Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје во рамките на MatchIN самитот одржан на 19. и 20. jуни 2023 година во Охрид, ја претстави кредитната линија за дигитализација и дигитална трансформација.
MatchIN самитот е технолошки и стартап настан со цел поврзување на инвеститорите со стартап компаниите и со останатите учесници од технолошкиот екосистем од Западен Балкан.
На панел дискусијата под наслов „Забрзување на дигитализацијата“, раководителот на службата за план и анализа во РБСМ, д-р Горан Ковачев се осврна на основните цели и задачи на РБСМ како единствена развојна банка во Република Северна Македонија и ги презентираше производите на банката кои им стојат на располагање на компаниите со цел поддршка на нивниот раст и развој. Главен фокус беше ставен на
кредитната линија за дигитализација и дигитална трансформација која што е една од првите од таков вид во нашата држава. Присутните беа информирани за големиот интерес за оваа кредитна линија, нејзината успешна реализација, како и условите и начинот за аплицирање.