Делегација на Развојната банка на Федерацијата Босна и Херцеговина во посета на Развојната банка на Северна Македонија

30.06.2025

Делегацијата на Развојната банка на Федерацијата Босна и Херцеговина престојуваше во Скопје, каде што, во рамките на официјалната посета на Развојната банка на Северна Македонија, беа одржани низа работни состаноци посветени на размена на стручно знаење и искуство, со фокус на зајакнување на институционалните капацитети со цел да се обезбеди посилна поддршка на економиите на секоја земја.

 
Делегацијата на Развојната банка на Федерацијата Босна и Херцеговина беше предводена од претседателот на Управниот одбор, г. Борислав Трлин, а ја сочинуваа членот на Управниот одбор, г. Далибор Милинковиќ, и директорката на кредитниот сектор, г-ѓа Лејла Капур. Во име на Развојната банка на Северна Македонија, домаќини на посетата беа претседателот на Управниот одбор, г. Кире Наумов, главниот оперативен директор г. Фарук Исмаили, заедно со нивниот тим соработници, при што г. Наумов го изрази своето задоволство од посетата и ја нагласи важноста на ваквите средби за зајакнување на професионалните врски и размена на стручно знаење меѓу развојните банки во регионот.