Нова веб платформа за кредитно осигурување

23.03.2026

Согласно современите трендови на дигитализација на финансиските услуги (fintech), и во насока на поедноставување на процесите за компаниите, РБСМ имплементира нова веб платформа за кредитно осигурување.

Оваа платформа претставува технолошка надградба на постојниот интегриран банкарски информативен систем и овозможува целосна дигитализација на процесите поврзани со осигурување на побарувањата.

Со нејзината примена, клиентите/осигурениците добиваат можност сите активности да ги извршуваат на поефикасен, побезбеден и побрз начин, со што се намалуваат оперативните ризици и значително се подобрува корисничкото искуство.

Клучни придобивки за компаниите:

  • Поедноставно и поефикасно администрирање на процесите
  • Подобро управување со активностите поврзани со кредитното осигурување
  • Поголема сигурност и контрола
  • Оптимизација на деловните процеси

Дигитализацијата не е избор – таа е неопходност. Направете чекор напред кон поефикасно и побезбедно работење.