Оглас бр. 1/2026 за продажба на недвижен имот по пат на усно јавно наддавање

07.04.2026

ОГЛАС број 1/2026
ЗА ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ
по пат на усно јавно наддавање

 
 

1. Предмет на продажба:
Недвижен имот во сопственост на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје и тоа:
 

1.1. Недвижен имот запишан во Имотен лист бр. 30656 за КО Кисела Вода 1, КП бр. 2938 со вкупна површина од 44 м2 опишан како: 

ред бр.

опис

површина

1

КП 2938, дел 0, адреса С.Ковачевиќ 47, број на зграда 1, намена на зграда Згради во останата стопанство, влез 004, кат ПР, број 008

44 м2


Недвижниот имот се продава како целина, не е оптоварен со хипотеки и службености.

Почетна цена:

Недвижниот имот се продава со почетна цена од 4.065.000,00 денари.
 

1.2. Недвижен имот запишан во Имотен лист бр. 27953 за КО Карпош, КП бр.1360 со вкупна површина од 80 м2 опишан како: 

ред бр.

опис

површина

1

КП 1360, дел 0, адреса Партизански одреди 127, број на зграда 1, намена на зграда Згради во останата стопанство, влез 1, кат ПР,број 000

80 м2


Недвижниот имот се продава како целина, не е оптоварен со хипотеки и службености, истиот е празен и е во владение на Банката.

Почетна цена:

Недвижниот имот се продава со почетна цена од 9.192.013,00 денари.
 

1.3. Недвижен имот запишан во Имотен лист бр. 21883 за КО Штип 4 како КП бр. 8687, култура градежно неизградено земјиште со површина од 56 м2 на која има бесправно изграден објект на ниво приземје опишан како:

ред бр.

 

површина

1
парцела 8687, дел 0, место викано Крсте Мисирков, катастарска кулутура 80000

56 м2

 
Почетна цена:
Недвижниот имот се продава со почетна цена од 928.342,00денари.
 

2. Право на учество на усното јавно наддавање:
Право на учество на усното јавно наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на територијата на Република Северна Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите согласно овој оглас за продажба.

 

3. Рок и начин на поднесување на пријавата за учество на усно јавно наддавање:
Рокот за поднесување на пријавата е 15 календарски дена сметано од наредниот ден од денот на објавата на огласот за продажба на недвижниот имот.

Пријавата за учество на огласот број 1/2026 за продажба на недвижниот имот може да се подигне од архивата на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје или од веб-страницата на РБСМ, https://www.mbdp.com.mk/Upload/Editor_Upload/prijava-za-ucestvo-nedvizhen-imot-fizichki-i-pravni-lica-mk-07-04-2026.pdf

Пријавата заедно со пропратната документација за исполнувањето на условите за учество на усното јавно наддавање треба да се достават најдоцна од 15 календарски дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

 

4Услови за учество на усното јавно наддавање:
Доказ за платена гаранција за учество на јавното наддавање.

 

5Гаранција за учество на јавното наддавање:
Гаранцијата за учество на јавното наддавање изнесува 10% од почетната цена на недвижниот имот.
Гаранцијата за учество на усното јавно наддавање се плаќа на сметка 100000000035062, депонент Народна банка на Република Северна Македонија, со назнака „гаранција за учество на усно јавно наддавање“ (задолжително се наведува бројот на огласот)
На подносителите на ненавремените, непотполните и неисправните пријави и на понудувачите коишто не се избрани на јавното наддавање им се враќа гаранцијата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на усното јавно наддавање, освен на понудувачот кој понудил највисока цена на кого износот на гаранцијата му се пресметува во вкупната продажна цена.
Рок на уплата на гаранцијата за учество на јавното наддавање е најдоцна 3 дена пред денот на одржување на усното јавно наддавање.
 

6Време на започнување и одржување на усното јавното наддавање:
Усното јавно наддавање ќе се одржи на 24.04.2026 година во просториите на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, на ул. „Димитрие Чуповски“ бр.26, 1000 Скопје со почеток во 12:00 часот. 

 

7Усно јавно наддавање:
Усното јавно наддавање започнува со објавување на почетната продажна цена на недвижниот имот.
Секој понудувач пред уснотo јавно наддавање треба да поднесе доказ за уплатена гаранција за усно јавно наддавање, документ за лична идентификација, уверение за деловна способност за физички лица и заверени полномоштва за претставници на правни лица.
Наддавањето се врши „чекорно“ со зголемување на вредноста со секој чекор за 1% од почетната цена на недвижниот имот.
Учесникот на наддавањето кој понудил највисока цена се стекнува со статус најповолен понудувач. 

 

8Обврска на најповолниот понудувач за уплата на средствата:
Најповолниот понудувач е должен да ги уплати средствата во рок од 30 дена од денот на одржаното усно јавно наддавање. 
Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во определениот рок, ќе се смета дека недвижниот имот не е продаден и гаранцијата за учество на јавното наддавање нема да му биде вратена на најповолниот понудувач.
Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за купопродажба на недвижнен имот.
Трошоците за преносот на сопственоста, нотарската процедура, впишување на недвижниот имот во Агенцијата за катастар за недвижности и евентуални други трошоци паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

 

РАЗВОЈНА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД Скопје