Оглас бр. 2/2026 за продажба на движен имот-патничко моторно возило по пат на затворени понуди

14.04.2026

1. Предмет на продажба:

Движен имот –Патничкo моторнo возилo и тоа:
 
 
Возило 1)
марка: Honda

тип/модел: Stream 2.01 

регистарски број: SK-0252 CA

број на шасија: JHMRN67501C202429

броj на мотор: 11002012

година на производство 2001

сила на моторот. 115 KW

работна зафатнина на моторот 1998 cm3

боја на каросерија: сива металик

 

Возилатo се продава во видена состојба без право на подоцнежни рекламации. За разгледување на подвижниот имот заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3115-844.
 

2. Почетна цена:
Почетната цена се одредува во износ од 70% од проценета вредност и истата изнесува 107.293,00 денари.
 
3. Право на учество на усното јавно наддавање:
Сите деловноспособни физички и правни лица кои извршиле уплата на гаранцијата.
 

4. Начин на поднесување понуди
Понудите се доставуваат во затворен плик, со назнака:
„ПОНУДА ЗА КУПУВАЊЕ НА ПАТНИЧКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА – НЕ ОТВОРАЈ“
Понудата треба да содржи:
Број и датум на објавениот оглас
Понудена цена
Доказ за уплатена гаранција
Име и презиме / назив на понудувач
Адреса и контакт телефон
ЕМБГ за физичко лице/ ЕМБС за правно лице
Потпис (и печат, доколку е правно лице)
 

5. Рок и место за доставување понуди
Рок за доставување на понудите: 24.04.2026 до 15.30 часот
Место на доставување: Архива на банката или по пошта
Понудите доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
 

6. Отворање и избор на понуда
Отворањето на понудите ќе се изврши на ден 28.04.2026 годдина во 12.00 часот, во просториите на РБСМ, ул. Димитрие Чуповски бр. 26 Скопје.
За најповолна ќе се смета понудата со највисока понудена цена.
Продавачот го задржува правото да не прифати ниту една понуда без обврска за образложение.
 

7. Услови за учество на јавното отварање на понудите
Доказ за платена гаранција за учество на јавното отварање на понудите.
 

8. Гаранција за учество на јавното наддавање:
Гаранцијата за учество на јавното наддавање изнесува 10% од почетната цена на подвижниот имот.
Гаранцијата за учество на усното јавно наддавање се плаќа на сметка 100000000035062, депонент Народна банка на Република Северна Македонија, со назнака „гаранција за учество на јавно отварање на понудите“ (задолжително се наведува бројот на огласот).
На подносителите на ненавремените, непотполните и неисправните пријави и на понудувачите коишто не се избрани на јавното наддавање им се враќа гаранцијата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, освен на понудувачот кој понудил највисока цена на кого износот на гаранцијата му се пресметува во вкупната продажна цена.
Рок на уплата на гаранцијата за учество на јавното наддавање е најдоцна 3 дена пред денот на одржување на јавното отварање на понудите.
 

9. Обврска на најповолниот понудувач за уплата на средствата:
Најповолниот понудувач е должен да ги уплати средствата во рок од 5 дена од денот на одржаното јавно отварање на понудите.
Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во определениот рок, ќе се смета дека подвижниот имот не е продаден и гаранцијата за учество на јавното наддавање нема да му биде вратена на најповолниот понудувач.
Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за купопродажба на подвижен имот.
Трошоците за преносот на сопственоста, нотарската процедура и евентуални други трошоци паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
 
 

РАЗВОЈНА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД Скопје