Претставници на Развојна банка на Северна Македонија на Меѓународната конференција на Косовскиот кредитно-гарантен фонд
„Како панелист, имав можност да придонесам кон продлабочување на дискусијата на темата Регионална соработка на гарантните шеми: можности и идни чекори. Го истражувавме начинот за тоа како цврстата соработка меѓу регионите може да го подобри пристапот до финансии, да го намали ризикот и да го поддржи одржливиот економски раст,посебно за малите и средни претпријатија“ – истакнува д-р Ефимија Димовска.

Конференцијата претставуваше можност за остварување на значајни дијалози, размена на искуства како и продолжување на разговорите за унапредување на решенијата за финансирање на развојот.