Потпишан е Договор за заем помеѓу МБПР и ЕИБ во износ од 100 милиони евра за финансирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти. Со потпишувањето на овој договор се отпочнува со реализацијата на третата фаза од ЕИБ кредитната линија (првата фаза во износ од 100 милиони евра и втората фаза од 50 милиони евра се претходно успешно реализирани). Кредитната линија ќе се реализира преку единаесет банки учеснички:
- Комерцијална банка ад Скопје
- Стопанска банка ад Скопје
- Стопанска банка ад Битола
- НЛБ Тутунска банка ад Скопје
- Охридска банка ад Охрид
- Прокредит банка ад Скопје
- Халкбанка ад Скопје
- Шпаркасе банка ад Скопје
- Уни банка ад Скопје
- ТТК банка АД Скопје,
- ЦКБ банка АД Скопје