Повлечена 5. транша од ЕИБ 3 - 100 милиони евра

29.04.2013

Повлечена е петтата транша во износ од 11.553.890 евра со што ќе се поддржат 42 проекти. Од оваа транша, 75% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 187 работни места.

Проектите се реализираат преку: Халкбанка АД Скопје, УНИ банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, ПроКредит банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Охридска банка АД Охрид, ТТК банка АД Скопје и Шпаркасе банка АД Скопје.

МБПР започнува со подготовки на нова транша која се очекува да се реализира во месец јуни.